Ланчиа Ипсилон се продава само на еден пазар, постигнува како за десет

Шефот Лука Наполитано има три престижни модели да пушти во продажба во следните години, иднината секако е електрична

Втора година во низа, Ланчиа поставува нов продажен рекорд. Лани на единствениот пазар за марката се продадоа за 9% повеќе примероци од единствениот модел Ипсилон. Порасна и пазарниот удел, на 14,9 проценти во класата.

Ланчиа Ипсилон беше трет најпродаван модел во Италија во 2023 година и втор најпродаван модел на концернот Стелантис на италијанскиот пазар. Во четирите генерации на моделот во изминатите 39 години, заедно со 37 специјални серии, од Ипсилон се продадени повеќе од три милиони возила.

„2023 беше втора рекордна година за Ланчиа во низа! Ипсилон го постигна вториот највисок удел во Б-сегментот во својата историја. Во сегментот, хибридната верзија е пазарен лидер, додека верзијата на автогас ЕкоШик е трет бестселер на пазарот,“ кажува извршниот директор Лука Наполитано.

Со новорегистрирани 44.743 примероци (за 9% повеќе од 2022), Ланчиа Ипсилон продолжи да владее со својот дел од пазарот. Главнината од продажбата се сведува на изведбата со благ хибриден погон (39.683 возила), а преостанатиот дел го покрива изведбата со погон на автогас ЕкоШик.

Ланчиа Ипсилон постигна голем пазарен успех

Ланчиа Ипсилон беше замислена како автомобил за секојдневнието, што соединува италијански стил и префинет изглед, со вкус за убаво.

Како елегантен и модерен градски автомобил, Ланчиа Ипсилон уште од старт се докажа како предводник на малечките автомобили, благодарение на одликите што инаку се својствени за многу поголеми автомобили, од неколку класи погоре.

Ланчиа Ипсилон10 се појави во 1985 година, како наследничка на легендарната Аутобјанки А112. Низ годините, моделот доби турбо-натполнење, погон на сите тркала, луксузна опрема

Италијанската марка прва понуди впечатлив стил во автомобил од градскиот сегмент и Ипсилон отсекогаш се издвојуваше со тоа.

Ланчиа годинава се враќа на пошироката европска сцена. Доаѓа нов модел, токму нова генерација на Ипсилон, којашто ја дели платформата со Пежо 208 и Опел Корса.

Абарт 595 во нашиот онлајн-каталог со сите нови модели на автомобили што се во понуда на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

https://avtosalon.mk/listings/abarth-595/

Претходна објаваУличните разводни ормани ширум Британија ќе станат полначи за електрични автомобили
Следна објаваЕлектричниот Фолксваген ИД.2 ќе дојде навреме

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here