Уличните разводни ормани ширум Британија ќе станат полначи за електрични автомобили

Уличен разводен орман што е пренаменет во место за полнење електрични автомобили во Обединетото Кралство.

Најголемата британска групација за телекомункација, БТ, има намера во пилот-проект да ги пренамени уличните ормани, што обично се користат за кабли, во место за полнење на батеријата на електричните автомобили. Доколку овој чекор се примени во целост, може да се обезбеди мрежа од 60.000 нови станици за полнење електрични автомобили.

Првата пренамена ќе биде извршена на орман во Ист Лотиан, Шкотска, објави БТ во понеделникот. Во следните месеци, исти такви зафати ќе бидат извршени и на бројни други места ширум Британија.

Во истражувањето на БТ се покажало дека недостигот од полначи по британските улици одвраќа дел од возачките и возачите од купување електричен автомобил. Се покажа и дека 38 проценти од возачите веќе би имале електричен автомобил, доколку полнењето не е толкав проблем.

До декември, ширум Обединетото Кралство има поставено 53.906 приклучоци за полнење електрични автомобили. Податоците што ги наведува БТ се добиени од Зипмап.

Владата има намера бројот да го зголеми на 300.000 до 2030-те години.

Том Гај, директор на Етц, огранок на БТ, кажува: „Нашето ново решение за полнење е голем чекор во донесувањето на полначите за електрични автомобили покрај рабникот и истражува како можеме да ги надминеме клучните бариери со коишто во моментов се соочуваат корисниците.

„Преку блиска соработка со локалните советници во Шкотска и пошироко низ ОК, се наоѓаме во решавачка фаза од нашето патешествие за да се надмине еден мошне реален проблем на корисниците, што е во срцето на нашата поширока визија да се поврземе засекогаш.“

БТ напоменува дека за пренамената на телекомуникциските ормани во полначи нема потреба да се донесува нова електрична линија.

Пренамената во полначи може да се изврши кај орманите што во моментов се користат за бакарни врски за телекомуникациски услуги, односно кај тие што се планирани за замена, зависно од просторот и од моќноста.

Претходна објаваПродажбата на Фолксваген се движи кон нивото од пред пандемијата
Следна објаваЛанчиа Ипсилон се продава само на еден пазар, постигнува како за десет

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here