Volkswagen Golf 8 започна со испорака во Германија

Volkswagen Golf 8 започна со испорака во Германија
Volkswagen Golf 8 започна со испорака во Германија

Во Автомобилскиот Град на концернот Volkswagen е испорачан првиот примерок од Golf 8 во Германија. Честа да го вози „првиот голф осум“ во приватна сопственост ѝ припадна на Беате Хервег.

Во центарот во когошто се постои за и околу концернот Volkswagen, неговите марки, услуги, историја и иднина, кусо Автомобилскиот Град, беше испорачан првиот примерок од Golf 8 во Германија. Беате Хервег ќе биде запишана во документите како прва сопственичка на автомобил од новата генерација на оваа моделска серија со богата традиција.

Малата, но значајна свеченост се одржа во присуство на Франческо Форте, директор за продажба на возила за вработени во марката Volkswagen и Тино Прајс, кој е одговорен за овој дел од продажбата во Волфсбург и Брауншвајг. Автомобилот на госпоѓа Хервег е лакиран во боја на месечев камен. Повеќе детали околу возилото не се објавуваат.

Volkswagen Golf во својата осма генерација прави голем исчекор во правец на дигитализацијата. Од почетокот на продажбата на Golf во 1974 година, досега во светот се продадени повеќе од 35 милиони примероци. Со тоа, компактот од Волфсбург се вбројува меѓу најпродаваните моделски серии во историјата.

https://www.instagram.com/p/B7ygRNGHu0k/

Претходна објаваMercedes вреди најмногу меѓу автомобилските марки според Brand Finance
Следна објаваБританија замина од ЕУ, но автомобилската љубов ѝ остана

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here