за

Mercedes вреди најмногу меѓу автомобилските марки според Brand Finance

Mercedes највредна автомобилска марка brand finance
Mercedes највредна автомобилска марка brand finance

Вредноста на Mercedes порасна повторно во рангирањето на 500-те највредни марки во светот според Brand Finance. Тоа значи дека Mercedes и понатаму е највредна автомобилска марка во светот.

Mercedes забележа зголемување на вредноста на марката во актуелното рангирање „Global 500 2020“ на американската компанија Brand Finance. Со тоа, Штутгарт и натаму ја има највредната автомобилска марка во светот. Покрај тоа, автомобилите со ѕвездата се највредна марка B2C во Европа.

Во студијата беа оценувани 500 марки. Вредноста на марката Mercedes изнесува 65 милијарди долари, што е за 7,8 проценти повеќе отколку лани. Во генералното рангирање, Германците се на 11-то место, за две понапред отколку во 2019 година. Според авторите на истражувањето што важи во светски размери, за напредувањето на Mercedes најмногу придонеле вообичаените катактеристики, како што се премиум квалитетот и иновативноста, како и зголемувањето на продажбата и зајакнувањето на имиџот.

„По повторниот скок во рангирањето на Interbrand во прогласувањето на најдобрите марки во светот сме горди на тоа што Mercedes-Benz исто така напредува во Global 500 2020“, изјави Бетина Фецер, директорка за маркетинг во автомобилскиот огранок на Mercedes-Benz.

Топ 10 Највредни автомобилски марки во светот според Global Brand

Поз.

Во 2019

Марка

Вредност

Тренд

11

13

Mercedes-Benz

$65,041.00

7.80%

15

17

Toyota

$58,076.00

11.10%

25

27

Volkswagen

$44,897.00

7.60%

30

29

BMW

$40,483.00

0.00%

35

57

Mitsubishi

$37,652.00

42.80%

41

47

Porsche

$33,911.00

15.60%

45

60

Honda

$33,102.00

28.60%

82

82

Hyundai

$20,148.00

-2.80%

94

92

Ford

$18,515.00

-1.40%

97

93

Nissan

$17,916.00

-4.50%

Понатаму следат автомобилските марки: Audi, Volvo, Chevrolet, Tesla, Renault, Lexus, Ferrari, Subaru, Land Rover, Mahindra, Suzuki, Geely и Buick.

Највредна марка во светот е Amazon со преку 220.000 милијарди долари, пред Google (160 млрд.) и Apple (140 млрд).

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Octavia RS iV

Skoda Octavia RS iV со хибридни 245 КС и изглед за тристотини

Volkswagen Golf 8 започна со испорака во Германија

Volkswagen Golf 8 започна со испорака во Германија