за

Британија замина од ЕУ, но автомобилската љубов ѝ остана

европски автомобили популарни британија
европски автомобили популарни британија

Компанија што организира возење суперспортски автомобили на тркачките патеки во земјата, објави статистика што покажува дека автомобилите од континентот се избираат почесто отколку домашните модели.

Истражување на компанијата TrackDays открива дека британските фанови на суперспортските автомобили многу почесто резервираат модели од марките од континентот, отколку од домашните марки. На моделите на Ferrari, Lamborghini, Porsche, BMW и Audi отпаѓаат околу половина од резервациите за возење по британските тркачки патеки. Наспроти тоа, за возење автомобил од домашните марки се пријавуваат само 19 проценти од возачите.

Автомобилите што се произведуваат од оваа страна на „каналот“ постигнуваат далеку повисока популарност и од моделите на американските и јапонските марки. Уште повеќе во прилог на европските автомобили оди фактот, што половината од моделите кои TrackDays ги нуди за незаборавно тркачко искуство по врвна патека, потекнуваат од британските марки.

„Британците не можат да се изнавозат со најбрзите европски суперавтомобили“

Од компанијата коментираат: „Обединетото Кралство ја напушти ЕУ, но ние го цениме врвниот автомобилски инженеринг од Европа повеќе од кога било досега. Без разлика дали станува збор за италијански стил или германски инженеринг, Бртитанците не можат да ги изнавозат некои од најбрзите европски суперавтомбоили, повеќето побрзи од 200 милји на час.“

Меѓу 10-те најпопуларни модели што се избираат за возење по тркачка патека, дури шест се од континентална Европа: Lamborghini Gallardo, Audi R8, Ferrari 430, Ferrari 360, BMW i8 и Porsche 911 Carrera. Компанијата нуди и други модели за тркачко искуство, меѓу нив Porsche GT3 RS, Porsche Cayman и Ferrari 458.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Golf 8 започна со испорака во Германија

Volkswagen Golf 8 започна со испорака во Германија

rivian r1t plaza

Rivian се впушта по Tesla со поддршка од моќни инвеститори