Фолксваген ќе ги извезува автомобилите произведени во Кина на Средниот Исток

Групацијата Фолксваген, барајќи нови начини да го искористи својот огромен производствен капацитет во Кина, го подготви за извоз првиот контингент од автомобили со бензински мотори, коишто се произведени локално.

ФАВ Фолксваген одржаа свеченост на 23-ти септември во фабриката во Чангчун, Кина, во чест на почнувањето со извозот на возила за Средниот Исток.

ФАВ-ФВ, заедничка компанија на концернот Фолксваген и кинеската групација ФАВ, одржа свеченост на 23-ти септември, во својата фабрика во Чангчун, град на североистокот на Кина, во чест на заминувањето на првите возила за извоз. Пратката се состои од 554 модели Маготан и Саготан, под марката Фолксваген. Тоа се лимузини од компактна класа со бензински мотори.

Возилата се на пат кон пристаништето во Шангај, од каде што вои следните неколку денови тие ќе бидат испратени на пат до Блискиот Исток, соопшти ФАВ-ФВ.

Продажбата на возилата на Блискиот Исток ќе започне во ноември.

„Тоа е само почеток,“ напиша Ралф Брандштетер, извршен директор на концернот Фолксваген за Кина, во објава на Линкдин на 23-ти септември.

„Потенцијалот за извоз од Кина е огромен – и ние сме подготвени да го искористиме,“ порача директорот.

Концернот ФВ в година ќе почне со извоз на автомобили од кинеско производство за Јужна Америка и за бројни пазари во Азија, најави Германецот.

Во ФАВ-ФВ, концернот произведува возила за марките Фолксваген и Ауди. Германскиот концерн исто така произведува модели на Фолксваген, Ауди и Шкода во партнерството со САИЦ.

Откако кинескиот пазар почна помасовно да се префрлува на електрични возила, продажбата на концернот Фолксваген во земјата во минатата година опадна на 2.93 милиони возила. Врвот беше достигнат во 2019 година, со продадени 4,23 милиони возила.

Во првото полугодие од 2025, продажбата на ФВ во Кина опадна 2,3 проценти, на 1,31 милион.

Видеото од тестот на Еолус Шајн, најдостапната лимузина на пазарот

Долготрајниот пад во продажбата го присили Фолксваген да ја скуси локалната продукција и да бара можности за извоз на своите возила од кинеските фабрики.

Како што им опаѓа продажбата во Кина, останатите светски производители, меѓу кои Киа, Форд и Нисан, исто така планираат да го засилат извозот од Кина.

Претходна објаваВолво наскоро ќе ги нуди електричните автомобили по споредлива цена со бензинците
Следна објаваМерцедес-Бенц назначи нов шеф за развој, Јерг Бурцер на местото на Маркус Шефер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here