
„Со овие решенија за персоналот, надзорниот одбор на групацијата Мерцедес-Бенц АГ останува доследен на својата стратегија, за искуството и постојаноста во врвниот-менацмент да се спојуваат со свежи импулси и со целно подмладување на гремиумот“, стои во објавата на ставот на надзорниот одбор.
„Брз и делотворен развој на возила“
Претстојната смена на местото на шеф за техника дава нова насока „во време на промени и на динамични предизвици на пазарот“.
Договорот на Шефер истекуваше во мај 2026 година. Но, поради тоа што тој ја надмина старосната граница од 60 години, неговиот договор понатаму ќе можеше да се продолжува само во чекори од по една година. Не се познати причините, зошто Шефер мораше да си замине.
Во соопштението понатаму стои, дека во текот на последниот бран од нови модели, „Мерцедес-Бенц се залага за брз, делотворен и иновативен развој на возила.“
Трошоците за истражување треба да се смалат
Оваа изјава треба да се протолкува, дека трошоците за развој, под влијание на трговските бариери и неодредената временска рамка за преоѓањето на електричен погон, треба значително да се скусат во иднина.
Новите модели со мотори со внатрешни согорување и сопствениот оперативен систем МБ.ОС, во изминатите години го изложија Мерцедес-Бенц на високи трошоци за истражување, иако целта беше тие всушност да се смалуваат.
Таа задача ја има новиот директор. „Јерг Бурцер во изминатите години го подигна на повисоко ново производството во Мерцедес-Бенц, со визија, консеквентност и јасна насока кон иновација, флексибилност и ефикасност“, шефот на надзорниот одбор Марин Брудермилер ја пофалува работата на Бурцер.
Бурцер важи како човек што ги крати трошоците
Бурцер, 55-годишен, важи како успешен оптимизатор на трошоци, откако тој во изминатите години воведе целосна дигитализација во производствената мрежа на Мерцедес-Бенц во светот.
На неговото место како раководител на одделот за производство, квалитет и управуање со веригата на добавувачи, доаѓа Михаел Шибе (42), кој во моментов раководи со спортскиот огранок АМГ во Афалтербах.
Шибе со своите мудри настапи совршено се вклопува во профилот што го бара шефот на концернот Ола Калениус. Според Брудермилер, тој неодамна покажал „дека успешно комбинира стратешко размислување и консеквентно делување, со оперативна одличност.“
Во моментов уште нема информација, кој ќе го заземе местото на Шибе во АМГ. Тоа место важи како отскочна штица во управниот одбор на концернот.

Шефер има нова задача
Шефот на надзорниот одбор ја пофали работата на Маркус Шефер. Тој отсекогаш уживал највисок респект, и внатре и надвор. „Како архитект на нашата технолошка стратегија, тој беше клучен лик во трансформацијата на Мерцедес-Бенц од класичен производител на автомобили, во насока на електрификација на нашата понуда од модели и итегрирањето на дигиталните системи,“ пишува Брудермилер. Тековната моделска офанзива го носи неговиот потпис.
Шефер презема нова должност. По заминувањето од концернот, тој ќе се впушти во претприемачки води и се вклучува како соосновач во платформата Расел АИ Лабс од САД. Целта е на младите компании да им се помага во развојот на вештачка интелигенција и нејзина примена.
Маркус Шефер работеше подолго од 30 години во Мерцедес-Бенц. Тој меѓу другото ја има осмислено Фактори 56, дигиталната фабрика за С-Класа и за Е Ку С. Покрај тоа, Мерцедес-Бенц е прв производител што доби одобрение за системот за автоматизирано возење од Ниво 3.















