САД потврдија царина од 15% за автомобили од ЕУ, почнувајќи од 1-ви август

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп соопшти дека формално ја спроведува трговската спогодба меѓу САД и Европската Унија. Се потврдува царина од 15% за автомобили од ЕУ, почнувајќи од 1-ви август.

Во соопштение до Федералниот Регистар испратено на 24-ти септември, Министерството за трговија и Бирото на трговските претставници на САД, објавија дека извршиле измена во царинскиот тарифник, со цел да се примени спогодбата што во јули беше постигната со ЕУ. Со таа спогодба, царините за главнината од увозот од ЕУ, вклучувајќи автомобили и делови, се намалува од сегашните 25 проценти на 15 проценти.

Со соопштението се надминува неизвесноста во индустријата, што долго време ја чекаше потврдата, за да може во иднина да ги планира набавките.

Вредноста на акциите на германските производители Фолксваген, Порше и Мерцедес-Бенц веднаш порасна по објавувањето на веста.

Оливер Блуме, извршен директор на Фолксваген и Порше, во минатата недела изјави дека фактичкото намалување на царините за увоз на автомобили во САД, уште е предмет на преговори меѓу САД и ЕУ, и дека тоа може да потрае со недели.

Повеќето од новите царини важат за стока од ЕУ, што е увезена во САД од 1-ви септември наваму, меѓутоа олеснувањата за автомобили и делови чекаа, ЕУ прво да ги стави во сила законите за намалување на царините за индустриските производи од САД и неколку земоделски производи што не се клучни.

Унијата ги презеде тие чекори на 28-ми август и во моментов работи на примената на концесиите, како услов за администрацијата на Трамп да воведе ретроактивност за увозот на автомобили од 1-ви август.

Претходна објаваМерцедес-Бенц назначи нов шеф за развој, Јерг Бурцер на местото на Маркус Шефер
Следна објаваБахус Рели почнува в сабота, рели се возело во Скопје уште во ’60-те со Акрополис и Монте Карло Рели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here