
„Потрошувачите ќе купуваат (ЕВ) кога цената ќе биде повеќе или помалку на исто ниво со (бензински) автомобил,“ изјави Самуелсон на настанот што Аутомотив Њуз го одржа во Јужна Каролина.
„Тоа ќе се случи во следните неколку години, и ќе направиме голем чекор со Е Икс 60“ во достигнувањето на ценовната еднаквост, најави шведскиот шеф.
Волво го конструираше Е Икс 60 посебно за пазарот во САД, за во следните пет години да ја зголеми продажбата на тамошниот пазар за преку 60 проценти.
Иако на 30-ти септември завршува даночното ослободување за електрични автомобили во висина од 7.500 долари во САД и со тоа во следниот период ќе се забави побарувачката, Самуелсон е убеден дека Волво ќе биде способна да го зголеми своето учество на пазарот.
„Добро е да постојат поволности од властите на кус рок, но тоа не ја поттикнува електрификацијата,“ вели Самуелсон. „Електрификацијата ќе се поттикне со подобри автомобили.“
Главната заслуга за конкурентната цена и перформансите на Е Икс 60 е новата платформа СПА3 што ја поседува крсоверот, што на пазарот во САД ќе почне да се продава во втората половина од 2026 година.
СПА3 е усовршена изведба на платформата што ја користат електричниот СУВ-модел Е Икс 90 и електричната лимузина Е С 90.
Волво очекува да постигне продажна маржа што ќе биде за 8 до 10 процентни бодови повисока во споредба со првите модели што ја користеа компактната модуларна платформа ЦМА.
Комерцијалниот директор на Волво, Ерик Северинсон, кажа дека Е Икс 60 ќе вози со платформа што е скроена посебно за електрични возила.
„Таа уште од првиот ден е конструирана за електричен погон,“ кажа Северинсон. „Имаме големи надежи, дека тој автомобил ќе освои различен круг купувачи од тој што го освојуваат денешните електрични автомобили.“
Моделите врз СПА3 ќе користат електромотори од сопствен развој од следна генерација и батериски ќелии со повисока енергетска густина, што ќе им овозможи подолг досег.
Видеото од тестот на електричен Волво Е Икс 30 во Аутомедиа
Волво соопшти дека батеријата ќе биде дел од самата каросериска структура а возилото, со што ќе се смали тежината и ќе се овозможи повеќе простор во кабината.
Моделите врз СПА ќе имаат заеднички батерии, компјутери, па дури и заеднички производствени процеси, како мега-леење (големи одливки) и модуларно производство, со цел да се скусат трошпоците и да се поедностави развојот на возилата.















