Фолксваген воведува дополнителни работни смени во Волфсбург

Концернот Фолксваген ги скусува трошоците во целата своја производствена мрежа. На сликата е производството на Голф во Волфсбург.

Новиот Тигуан му отвори дополнителна работа на Фолксваген, поточно, на вработените. Во фабриката во Волфсбург ќе се работи и во сабота и во ноќна смена. Мора да се покрие побарувачката.

Електричните автомобили на Фолксваген во моментов не ги исцрпуваат целосните производствени капацитети во своите фабрики, но затоа се вжештуваат лентите за новите модели со мотори со внатрешно согорување во матичната фабрика во Волфсбург.

Во февруари и во март, во големата фабрика покрај Мителландканал, Средногерманскиот Канал, ќе се работи во дополнителни смени.

Во викендите ќе се работи во дополнителни смени за да се покрие почетокот на испораката на новиот Фолксваген Тигуан. Претставничка на Фолксваген за германскиот индустриски гласник Аутомобилвохе потврди дека се воведени вонредни мерки за производството во Волфсбург.

Почнувајќи од 10-ти февруари, во Волфсбург во сабота ќе се работи дополнително во една утринска смена, а во недела во ноќна смена, на линиите за производство на Г-моделите, односно Голф, Голф Вариант, Тигуан и дериватите. Шемата понатаму ќе важи во секој викенд.

Фолксваген Тигуан

Дополнителните смени, освен за монтажните линии, важат и за вработените во фабричката логистика и управувањето, контролата на квалитетот во производство, пластика и монтажа на гуми. Планот е шемата да се следи до завршетокот на 11-та календарска недела, што значи до викендот 16/17 март.

Во фабриката во Волфсбург, покрај Голф и Тигуан, треба да се произведува и електричниот ИД.3. Производството на монтажната линија 1 е веќе подготвено, меѓутоа во моментов мирува.

Претходна објаваИталијанската премиерка Мелони се жали дека Стелантис е премногу на страна на Франција
Следна објаваИлон Маск повикува браншата да се заштити од кинеските производители

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here