за

Италијанската премиерка Мелони се жали дека Стелантис е премногу на страна на Франција

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, води препирка со Стелантис околу производството на автомобили во земјата.

Владата на Мелони бара Стелантис да ја зголеми продукцијата на автомобили во Италија на еден милион годишно, додека во исто време се критикуваат мерките што автомобилскиот концерн ги презема за да ги скуси трошоците.

Пораката на Мелони не може да биде појасна: „Ако сакате на светскиот пазар да продавате автомобил, рекламирајќи го како италијански скапоцен камен, тогаш автомобилот мора и да биде произведен во Италија.“

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го прекори Стелантис за намерата да го пресели производството на автомобили во земји со пониски трошоци, во време додека автомобилската индустрија се мачи да се префрли на електрификација.

„Сакаме да го одбраниме националниот интерес, да воспоставиме урамнотежени односи со Стелантис за одбрана на производството во Италија,“ изјави Мелони за законодавците, во Рим.

Концернот со седиште во Амстердам, којшто ги поседува италијанските марки, како Алфа Ромео и Фиат, се најде под напад откако медиумите објавија дека до добавувачите во Италија биле испратени писма во коишто тие се информираат за можност да вложат во Мароко. Повеќе компании од автомобилската индустрија се префрлија во африканската земја, барајќи поевтино производство на своите електрични модели.

Извршниот директор на Стелантис, Карлос Тавареш, кој никогаш не се двоумел да ги критикува политичарите, во четвртокот изјави за новинарите дека цврстата линија на Италија, околу давањето субвенции за електрични возила, довела до тоа фабриката во Мирафиори лани да остане со намалена продукција.

На прашањето околу писмото испратено до италијанските добавувачи во вторникот, Тавареш одговори дека добавувачите, исто како и производителите на автомобили, мора да бидат „креативни“ додека изнаоѓаат начин да ги намалат трошоците, додека се соочени со зголемени трошоци за тековното преоѓање на електричен погон.

„Стелантис е цврсто обврзан кон Италија“, објави производителот во средата, во изјава по е-пошта. „Компанијата има вложено повеќе милијарди евра во своето присуство во Италија, во нови модели и во производствени погони.“

Тавареш, 65, управува со Стелантис, со гигант со 14 марки, создаден во 2021 година со соединувањето на италијански Фиат Крајслер и француски ПСА Пежо Ситроен, со цврста рака и безпоштедни скусувања на тропшоците, што доведоа до тоа компанијата да работи со рекордна профитабилност.

Повеќе на француската страна

„Мислам на наводното спојување меѓу ФЦА и француската групација ПСА, коајшто во реалноста беше француско преземање на историската италијанска групација,“ кажа Мелони во средата. „Не е случајност тоа што индустриските избори на групацијата им даваат предимство на француските барања, повеќе отколку на италијанските.“

Балансот меѓу Италија и Франција во управниот одбор на Стелантис беше точка на сопнување меѓу земјите во минатото. Франција поседува 6,1 проценти удел во акциите на Стелантис, преку државниот Бпи Франс, и има претставници на компанијата во управниот одбор. Италија нема удел и нема претставници.

Тавареш во минатото имаше препирки и со француската влада, конкретно за производството на електрични возила.

Забелешките на Мелони се дел од затегнатите односи со Франција, коишто ја следат уште од почетокот на нејзината служба. На тоа се надоврзува и долга историја на зајадливост од Рим кон Париз, којашто се однесува на преземањата на италијански фирми, во што се гледаше обид за доминација.

Наспроти тоа, Мелони и германскиот канцелар Олаф Шолц ги приближија интересите во изминатите месеци, што беше проследено соодветно со низа бизнис зделки меѓу двете земји.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Премиера на Порше Макан: Отсега само на струја

Фолксваген воведува дополнителни работни смени во Волфсбург