Покрај милионската донација, Volkswagen дополнително потпомага цела дузина европски проекти за одржливост. Проектите се од најразличен вид, почнувајќи од истражувачки проекти во рециоклирањето батерии до инкубатори за стартап-компании.
Концернот Volkswagen како составен дел од спогодбата со Европската Банка за Инвестиции донира десет милиони евра за европски проекти за одржливост на животната средина. Меродавен критериум при изборот беше искуството на носителите на проектите во спроведувањето големи мерки за заштита на животната средина и климата. Одреден дел беше посветен и одржливата мобилност во иднина.
Донацијата произлегува од спогодбата меѓу Европската Банка за инвестиции и Volkswagen AG, во разрешувањето на дизел-кризата. Банката во 2009 година му одобри заем на концернот, кој во целост беше вратен во февруати 2014 година. Средствата меѓу другото беа наменети и за развој на дизел мотори.
Во договорот од декември 2018 година, концернот Volkswagen искажа подготвеност за доброволно да финансира 10 милиони евра во проекти за животната средина во коишто учествува Банката. Таа учествуваше и во изборот на проектите.
Конкретно ги потпомагаме биоразличноста и намалувањето на природниот СО2, а воедно ги заштитуваме и нашите природни ресурси.
Ралф Фицнер, директор за одржливост во Volkswagen AG
Проектите што ги потпомага концернот Volkswagen
Поправка на штетите предизвикани од невремето во делтата на реката Ебро, во Шпанија (донација 1 милион евра)
Природни подрачја во Шпанија, Полска и Германија под заштита на Унеско (донација 2 милиони евра)
Повторно воспоставување на природната рамнотежа меѓу шумата, водата и на биоразличноста во Барнбрух, во германската покраина Долна Саксонија (донација 1 милион евра)
Две нови постапки за рециклирање материјали од батерии со зачувување на ресурсите, во партнерство со Институтот Фраунхофер, при Техничкиот Универзитет Брауншвајг (донација 2 милиони евра)
Два инкубатори за иновативни идеи за заштита на климата, во партнерство со Електротехничкиот факултет Цирих, Универзитет Камбриџ и Карбон13 (2 милиони евра)
Постигнување цели на одржливост преку виртуелна реалност, во соработка со Универзитет Бремен (1 милиони евра)