Меѓу моделите што веќе одамна требаше да бидат присутни на пазарот, а коишто се одложени поради тоа што не е доработен софтверот за нив, спаѓаат и целосно електричната изведба на Porsche Macan, како и новиот Audi Q6 e-tron.
Концернот Volkswagen во текот на претстојната седмица ќе ги отпушти сите членови на извршниот одбор во своето софтверско одделение Cariad. Гигантот од Волфсбург презема радикални чекори со цел да ги надмине проблемите во развојот, соошти агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на извор во компанијата.
Одделението коешто го создаде поранешниот извршен директор на концернот Volkswagen, Херберт Дис, го потроши сиот буџет и не ги исполни целите. Тоа беше воедно и причина за отпуштањето на Дис и поставувањето на Оливер Блуме, како негова замена, лани во септември.
На состанокот што е закажан за претстојната недела се очекува надзорниот одбор на Cariad седа ги потпише решенијата за отпуштање, јавува изворот. Веројатно само еден директор ќе го задржи своето работно место, кадровиот директор Рајнер Цугехер.
Од концернот VW претходно соопштија дека компанијата спроведува анализа на Cariad и на нивите проекти.
Бројни зафати беа преземени за надминување на проблемите во Cariad, единствено отсуствуваа смени во кадарот. Cariad и развојот на софтвер за автомобили остануваат и натаму составен дел од стратегијата на концернот Volkswagen.
Планираното лансирање на структурен автомобилски софрвер, што ќе се применува на ниво на сите марки на концернот, првично развиени со цел од 2026 година да се понуди 4-то и 5-то ниво на автономно возење, одложени се за две години.
















