
Од следниот месец, вработените во Фолксваген во Германија ќе почитуваат строги правила, коишто се одредени со цел да се намали трошењето и воедно да се поттикне користењето електрични возила. Со овие промени, се реагира на поскапените горива.
Меѓу најважните промени е поставувањето возрасна граница за управување со моделите со силни перформанси, како ГТИ, ГТИКС и Р. Возачи на возраст до 23 години, можат да управуваат ваков модел само во присуство на лицето на коешто гласи полномошното користење на возилото.
Фолксваген образложува дека оваа мерка е донесена поради безбедност и воедно за спречување возилата да се злоупотребуваат од членови во семејството. Во исто време се смалува и ризикот од незгоди, затоа што младите до оваа возраст обично предизвикуваат судири со поголема материјална штета.
Ограничување на видот на гориво
Друга важна мерка е забраната да се користат скапи горива, како В-Пауер или Ултимејт Дизел. Во иднина смее да се точи само стандардно гориво, како Супер Е10 или стандарден дизел – освен во случај производителот да упатува строго на користење такви горива.
Покрај тоа, престанува точењето на интерните станици за гориво во самата компанија. Тие во иднина ќе служат само за возилата што се користат во кругот на фабриките. За полнење гориво на обични станици, мора да се користи картичка за гориво Чарџ енд Фјул, што гласи на име на корисник, место на име на компанијата.
Се ограничува и бројот на миења
Фолксваген воведува строги правила и за чистењето. Месечно се дозволени до 4 миења, при што цената не смее да надмине 17 евра по миење. Скапи третмани и нано-заштита на име на фирма се минато.
Нагласок на електричните возила
Новите мерки имаат уште една цел, а тоа е проширување на службениот возен парк од електрични и хибридни возила. Наплатата ќе се врши исклучиво преку картичката Чарџ енд Фјул, како за електрични, така и за преостанатите возила со мотори со внатрешно согорување. На тој начин ќе се поттикне преоѓањето на електрични возила и во исто време ќе се скусат трошоците.
Фолксваген планира и дополнителни мерки, доколку не се подобри дисциплината или продолжи поскапувањето на горивата.















