Милан Недељковиќ е новиот шеф на БМВ, презема на 14-ти мај

Со назначувањето на Милан Недељковиќ за нов шеф на минхенскиот производител, нема многу да се променат работите во Минхен.

Милан Недељковиќ ги мина сите скалила на напредокот во својата кариера во БМВ, што започнува уште во 1993 година

Милан Недељковиќ, досегашен директор за производство во групацијата БМВ, следната среда го презема шефовското место од Оливер Ципсе.

Постојат компании што смената на раководството ја прикажуваат како стратешка пресвртница. Постојат и компании што промените во врвот ги гледаат само како логично продолжение на постечкиот курс. БМВ е меѓу вториве компании.

Кога Милан Недељковиќ на 14-ти мај првпат ќе влезе во својата нова канцеларија како извршен директор на групацијата БМВ и со тоа ќе го замени досгашниот шеф Оливер Ципсе, тоа ќе биде продолжување на стабилната стратегија на производителот на автомобили во изминативе години.

Назначувањето на Милан Недељковиќ е продолжение на Ное Класе, на Новата Класа, односно новата генерација електрични автомобили на БМВ, што ја започнаa СУВ-моделот и-Икс-3 и лимузината и-3. Новиот шеф е клучната личност зад напредната технологија во Новата Класа.

Роден во Србија, пораснат во Германија, Недељковиќ долго време е дел од БМВ. Тој почна да работи во минхенската компанија во 1993 година и ги мина сите скалила во напредокот во својата кариера. Буквално, се развиваше постојано од приправник на обука, до шеф на производство, пред да застане на самото чело на БМВ.

Роден во Крушевац, овој 57-годишник уште од своите почетоци во Минхен се докажа како врвен експерт во производството. Во 2019 година, тој беше назначен во одборот за производство во групацијата. Недељковиќ има српско и германско државјанство.

Србо-германецот се залагаше за крајно локализирано производство на моделите од Новата Класа. Во Дебрецин, Унгарија, изградена е фабрика што во целост е наменета за електрични автомобили. Таа служи како нацрт за сите фабрики на БМВ во иднината.

Во Минхен се вложени стотици милиони, за фабриката целосно да се префрли на електрични возила.

Принципите што се воведени во овие фабрики, понатаму ќе се применуваат во кинески Шенјанг, во Мексико, во тамошната фабрика во Сан Луис Потоси, како и во Спартанбург, САД.

Долги рокови на испорака на БМВ и-Икс-3

Успехот на Ное Класе, на генерацијата модели што се развиени како т.н. софтверски дефинирани возила, зависи единствено од тоа дали сите модели од оваа генерација ќе наидат на широка побарувачка. Првиот автомобил од Ное Класе, СУВ-моделот и-Икс-3, почна одлично.

Проблем е тоа што клиентите чекаат долго за нивниот и-Икс-3 да се испорача. Во Дебрецин се соочуваат со големи предизвици во снабдувањето и логистиката.

Првата стратешка задача на Недељковиќ е до 2027 година да пушти во продажба шест целосно нови модели од Ное Класе, со целосно електричен погон. Во истиот период, во други 40 модели мора да се воведе технологијата на моделите од Ное Класе, главно во модели со мотори со внатрешно согорување. Прв модел што ја мина таа фаза е неодамна претставената БМВ и7.

Работите сепак не се одвиваат толку мазно. Бидејќи платформата на електричната и7 не може да ги прими новите батерии од 6-та генерација на БМВ, во лимузината со досег до 720 километри се вградуваат батерии од хрватски Римац. Тоа беше поевтино решение, од зафатите што инаку ќе требаше да се извршат во фабриката во Динголфинг.

Претходна објаваОпел најави нов електричен модел, техниката доаѓа од кинескиот напаѓач Липмотор
Следна објаваФолксваген воведе строги правила за користењето службени возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here