
Поранешниот шеф на Сеат и Купра, Вејн Грифитс, кој си замина пролетоска, повторно се јавува на сцената, но овојпат од бизнисот со алкохолни пијалоци. Со марката Џин Вејн, менаџерот најде ново подрачје за да ги практикува своите деловни вештини.
„Со години сакав да го направам тоа, но никогаш не дојде вистинското време за тоа. Сега конечно имам време да ја спроведам идејата што созреваше долго и тивко,“ објави Грифитс на ЛинкдИн.
Грифитс ја сака оваа работа
По заминувањето на Грифитс, кој изгради повеќедецениска кариера во концернот Фолксваген, многумина се прашуваа, на што сега ќе се посвети овој креативен човек. Се шпекулираше дури и за музика и филм, но никој не помисли на алкохолни пијалоци. „Некогаш мора во животот да ги следите своите страсти, без оглед каде ве води тоа“, вели Грифитс.
Џинот е посебен, затоа што „се избегнува сé што не е 100% природно и се користи само основата од природен алкохол и растенија“. Џин Вејн се дестилира во Пфау (германски збор за паун), во Клагенфурт, којашто е меѓу последните останати занаетчиски дестилерии во Австрија.
[the_ad id=”85764″]
„Првото поглавје од една историја“
Тоа нема да остане негов единствен проект. „Нова авантура, нова страст. Следат понатамошните продолженија, затоа што ова е првото поглавје од една историја, што ќе расте и ќе се менува.“
Едно од главните прашања, секако е цената на овој очигледно ексклузивен џин. На вебсајтот на марката, шише џин во ограничена серија се продава за 182 евра. Вкупниот промет од првите 500 шишиња е 91.000 евра.















