Француски возачи: На 79% им е најважно автомобилот да биде еколошки

важност на екологија купување автомобил
важност на екологија купување автомобил

Во истражување спроведено меѓу возачките и возачите во Франција се оценуваше колку еколошката погодност е важна при изборот на автомобилот. Генерално дамите придаваат значење ако возилото помалку ѝ наштетува на животната средина, додека при споредба на различни возрасни групи, кај помладите е пониска стапката на возачи што при изборот внимаваат првенствено на заштитата на животната средина.

Јавната свест во Европа посветува големо внимание на заштитата на животната средина. Секаде се зборува за климатските промени, но и се постапува за истите да се подзабават, а долгорочно и да се ублажат. Тоа влијае и врз купувачкиот дух, при изборот на автомобил. Студија спроведена во Франција покажува дека ентузијазмот кон автомобилите не мора да биде во спротивност со заштитата на животната средина.

Според студијата, влијанието на автомобилот врз одржливоста на животната средина им е важно на 79 проценти од возачите, при изборот на автомобил. Висока е стапката и на возачите на кои им е важен видот на погонот, со 78 проценти. Одговорите повеќе се разликуваат при споредбата на половите. Одржливоста на животната средина им е пресуден фактор на 88 проценти од анкетираните дами додека стапката кај мажите изнесува само 70 проценти.

Различни возрасни групи исто така гледаат различно кон важноста на екологијата. Меѓу возачите на возраст над 60 години, стапката на возачи на коишто одржливоста на животната средина им е главен фактор изнесува 86 проценти. Наспроти тоа, само 72 проценти од помладите возачи, на возраст меѓу 18 и 29 години, ценат дека заштитата на средината им е најважна при изборот на автомобил.

https://www.instagram.com/p/B52vvhUio2b/

Доаѓаат нови закони, автомобилите ќе загадуваат по старо

Претходна објаваToyota Corolla со најголем скок, Ford Focus трет најпродаван компакт
Следна објаваТаткото на McLaren F1 создаде кола со најнапредна аеродинамика

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here