161
21 shares, 161 points

Според последните службени статистики, во Европа во октомври се продале 1,21 милион нови автомобили, постигнувајќи раст од осум проценти. Две од секои пет возила биле СУВ, дизелот одвај покрива третина од пазарот. Mercedes е трета најпродавана марка.

Европскиот пазар закрепнува по големиот пад во овој период лани, кога стапуваа на важност новите норми за мерење на потрошувачката на гориво и емисијата на СО2 според WLTP. Во октомври се продадени 1.208.700 нови автомобили (+8,2%), што е највисока вредност во овој месец во последните 10 години. Гледано од почетокот на годината, пазарот сепак е во мал пад од 0,8 процент, со вкупно 13.284.600 автомобили продадени досега.

На седумнаесет од вкупно 27 најголеми пазари што влегуваат во статистиката на специјалистот Jato, во октомври имало двоцифрен пораст во продажбата. Голем поттик пристига од германскиот пазар, со раст од 13 проценти. Доколку продолжи оваа динамика на најголемиот единечен пазар за автомобили во Европа, индустријата може годинава да ја заврши со многу подобар биланс отколку што се очекуваше првично.

Во октомври е зголемена продажбата за 8,2% во споредба со истиот месец лани, Toyota Corolla има постигнато најголем раст во продажбата
New photo by Automedia MK / Google Photos

Добрите продажни резултати се темелат врз зголемениот пазарен интерес за СУВ и за автомобили со електрифицирана погонска спрега. СУВ-моделите во октомври постигнале 484.400 продажби или за 22% повеќе од истиот месец лани. Нивниот пазарен сегмент во меѓувреме постигнува рекорден удел, со вкупно 40% од вкупната продажба. Аналитичарите од Jato ценат дека Европа се приближува до САД и Кина во поглед на пазарниот удел на СУВ-автомобилите. Најголем придонес за растот имаат малите и компактни модели од овој сегмент, кои наидуваат на висока популарност во Европа и учествуваат со 79% во вкупната продажба во СУВ-сегментот.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Како што објавивме претходно, расте и продажбата на автомобили со хибриден и електричен погон. Хибридите и натаму доминираат во вкупната продажба во сегментот на алтернативниот погон и во октомври постигнале раст од 29%. Плагин-хибридите во меѓувреме постигнуваат третина од продажбата на класичните хибриди, но забележале висок раст од 79% во октомври, што е исклучок годинава. Кај чисто електричните автомобили, растот изнесува 32 проценти. Вкупно во овој сегмент се продале 115.700 возила, што е за 41% повеќе отколку во октомври лани. Возилата со алтернативен погон учествуваат со близу десет проценти во вкупната продажба.

Учество на одделни класи на возила и каросериски изведби во продажбата
New photo by Automedia MK / Google Photos

Меѓу групациите, Volkswagen напредувал најмногу во октомври, со раст од 4,4 проценти и со учество од 25,1 проценти во вкупниот пазар. Toyota, Hyundai Kia, Renault Nissan, Mazda и Tesla исто така го зголемиле својот пазарен удел, но обемот на растот не надминува еден процент. Овој успех на групацијата Volkswagen се должи на офанзивата со СУВ-модели. Едно од секои десет возила во тој сегмент носи знак на некоја од марките на групацијата.

Топ 25 Најпродавани марки и модели во октомври 2019 на 27 најголеми пазари во Европа
New photo by Automedia MK / Google Photos

Големи варијации се случуваат меѓу автомобилските марки. Opel и Fiat повеќе не се меѓу 10-те најпродавани марки во Европа. Volvo продава повеќе од Nissan, Porsche повеќе од Honda. На ниво на марки, најмногу убедува напредокот на Tesla, со раст од 129% и вкупно 2.093 продадени автомобили во октомври.

Меѓу моделите, Golf по традиција останува на врвот, додека Tiguan е најпродаван СУВ. Toyota Corolla постигнала најголем скок во продажбата и во меѓувреме е на 17-то место на најпродавани модели на европскиот пазар, односно е четврти најпродаван модел во компакт класата, по Ford Focus. Од останатите модели, солидно напредуваат и Renault Megane (+43%), Hyundai Kona (+37%), Seat Arona (+30%), Renault Kadjar (+58%), Skoda Kodiaq (+181%), Toyota RAV4 (+39%), Audi A4 (+225%), Audi A6 (+50%) и Audi Q2 (+63%).

Од новите модели што се лансирани од почетокот на годинава, повеќе се забележливи следниве продажни бројки: Volkswagen T-Cross (13.557 примероци), Skoda Scala (5.986), Mazda CX-30 (3.180), Seat Tarraco (2.986), Kia XCeed (2.797), DS 3 Crossback (2.370) и Skoda Kamiq со 2.104 продадени возила во октомври.

Трендови на продажба во октомври 2019 по одделни држави
New photo by Automedia MK / Google Photos


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
21 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *