Honda Civic покажува мускули во моделското годиште 2020

Honda Civic Sport Line
Honda Civic Sport Line

Honda Civic во новото моделско годиште ќе биде достапна и во изведба Sport Line. Моделот ќе се нуди во две изведби и во поглед на дизајнот го следи стилот на Civic Type R.

Новата спортска варијанта во гамата на Honda Civic однадвор се распознава по дополнителните прагови напред и отстрана, по задниот дифузор и по големиот спојлер на опашот. Останати обележја на Sport Line се бандажи од 17 инчи во црна сјајна боја и светла со диодна техника за сите функции. Нова палета во изборот од бои е „obsidian blue“.

Седиштата, воланот, рачката на менувачот и облогите во вратите во Sport Line се изведени со штеп во црвена боја. Инфо-забавниот систем Honda Connect е дел од сериската опрема, заедно со поврзување со мобилен телефон преку Apple Carplay и Android Auto. Во повисокото ниво на опрема спаѓа и камера за рикверц.

https://photos.app.goo.gl/FPeuTWNcRJdWjRPS7

Моторот е еднолитарски турбо-бензинец со 126 КС и вртежен момент од 200 њутнметри. Покрај стандардниот мануелен менувач со шест степени, може да се добие безстепен автоматик со „виртуелни“ степени на пренос и рачки зад воланот.

Honda Civic е подготвена за новото моделско годиште

 

Претходна објаваЕвропа сака самостојно да произведува батерии за електрични автомобили
Следна објаваToyota Corolla со најголем скок, Ford Focus трет најпродаван компакт