за

Овој дом нема куќен број: Vario Perfect 1200

Vario Perfect 1200

Возилата за кампување стануваат сé полуксузни и поскапи. Овој Vario Perfect 1200 се разликува од нормален дом само по тоа што нема куќен број. Има и сопствен автомобил

Возилата за кампување не се евтино задоволство. Нивната цена обично се движи околу 70.000 евра, толку е просекот што го има пресметано здружението на производители на овие возила. Некои кампери достигнуваат многу повисоки цени од тоа, дури може да се каже дека надминуваат и вредност на луксузна куќа, особено ако купувачот има и посебни желби. Куќниот луксуз во тие кампери нема да недостига.

Vario Perfect 1200 1

Vario Mobil е едно од имињата во коешто купувачите на луксузни камери веруваат најмногу. На претстојниот саем на возила и опрема за кампување во Диселдорф, Германија, овој специјалист за домови што немаат куќен број ќе го претстави Perfect 1200, кампер што без посебни опции чини нешто помалку од еден милион евра.

Vario Perfect 1200 тежи 26 тони со сета луксузна опрема – и со автомобилоит во гаражата

Како основа за ова возило, што некои со право го сметаат како „копнена јахта“, служи Mercedes-Benz Actros 2456 во верзија со три оски. Како противвредност за цената од 839.410 евра се добиваат дванаесет метри луксуз на дванаесет тркала. Моќноста на моторот до 455 КС изгледа точно погодена за суперкамперот што смее да тежи најмногу 26 тони. Секако дека треба да се смета и на соодветно напојување на моторот: Резервоарот собира 390 литри гориво. Околу половина метар кубен питка вода треба да ги задоволи потребите на „екипажот“. На тоа некако природно се надоврзуваат и 400 литри за отпадна вода и 300 литри за „многу отпадна“ вода.

Vario Perfect 1200 2

Кога возилото ќе го избере привременото престојувалиште, од трите негови страни излегуваат еркери, со коишто се зголемува станбената површина. За кусо враќање во цивилизација или за куса прошетка во природа ќе послужи возилото коешто се „вградува“ како дополнителна опрема. А, тоа не заостанува со луксузот: Mercedes SL. Родстерот излегува од опашот на камперот, таму е неговата гаража.

Vario Perfect 1200 4

Внатрешноста е обложена со комбинација од сатенско бела кожа и ореово дрво. Секако дека најголемиот дел од ентериерот е изработен рачно. Електормотори ги местат фотелјите во секаква позиција по желба, а за соодветен амбиент се грижи и компјутерски регулираното осветлување.

Фиоките и капаците се заклучуваат автоматски кога возилото е во движење. Домаќинките и домаќините ќе се израдуваат на машината за миење садови. Чешмата е со силен дизајнерски печат, а само купатилото е големо колку кабината на некои кампери.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW Z4 roadster

BMW Z4 премиерно прикажан во калифорнискиот Пебл Бич

mercedes muzej site drzavi UN

Музејот на Mercedes го посетиле туристи од 193 држави