Музејот на Mercedes го посетиле туристи од 193 држави

mercedes muzej site drzavi UN

Ова место буквално го посетува цел свет. Туристи од Гвајана и Свети Кристифор и Невис неодамна во посетија музејот на Mercedes во Штутгарт. Со тоа, сите 193 држави во Обединетите Нации го посетиле ова место

Музејот на Mercedes во Штутгарт е како некој вид автомобислко светилиште. Не постои држава членка на Обединетите Нации, којашто нема остварено присуство во музејот со сребрената ѕвезда. Туристи од последните две држави кои недостигаа да се комплетира списокот од 193 држави на ОН, неделава пристигнаа во Унтертиркхајм, градското подрачје што од „разбирливи“ причини сите го спомнуваат како предрадие на Штутгарт, место под неговото име.

Почесните туристи што го комплетираа „светот“ пристигнаа од Гвајана и од Ст. Кристофер и Невис, острови во Карибите. Мелиса Кан, Фараз Мунши и Вагар Сахид од Гвајана, како и Сесил Ролинс од Ст. Кристофер и Невис, ја добија таа чест, нивните имиња да се спомнат во последното достигнување на музејот на Mercedes. Тие пристигнале во групата претставници на Stihl од просторот на Карибите и Јужна Америка. Знамињата на двете земји беа подигнати пред музејот, откако директорката Моња Бидке го поздрави пристигањето на гостите.

Музејот на Мерцедес привлекува најмногу туристи од Кина, САД, Франција и Швајцарија

Во февруари 2017 година, музејот на Mercedes започна со кампањата којашто имаше за цел да привлече туристи од седумте земји што недостигаа да се комплетира статусот дека цел свет го посетил ова место, во коешто живее историјата и на Mercedes, но и на автомобилизмот воопшто. Последните седум држави беа Бенин, Боцвана, Гвајана, Пагуа Нова Гвинеја, Самоа, Ст. Крисофгер и Невис, и Суринам. Посетители од пет држави пристигнаа уште лани.

Од отворањето на музејот на Mercedes во 2006 година, посетеноста расте од година в година.

mercedes muzej site drzavi UN
Моња Бидке, директорка на музејот на Mercedes, на 22-ри август ги пречека гостите од Гвајана и од Ст. Кристофер и Невис

Претходна објаваОвој дом нема куќен број: Vario Perfect 1200
Следна објаваКалашников произведува пушки, футроли за мобилен и … електромобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here