Несекојдневна големина на елка за едно несекојдневно, а пак толку секојдневно возило. Унимог на растојание од преку 400 километри влечеше елка висока над 20 метри, за таа да биде поставена во Берлин.
Кога треба да се влече тежок товар, да се минат големи растојанија, а притоа да се вози и со брзина за по автопат, Унимог пак се пријавува за задачата. Компанија за градинарство од Падерборн користеше Унимог, за новогодишна елка со исклучителна должина да се довлече до Берлин.
Елка од сортата Нордман, висока 21,7 метри и тешка 8,8 тони, беше транспортирана со Унимог У 435 на платформска приколка со три оски. Поради големата должина на товарот, превозот се вршеше ноќе, заедно со пратечко возило. За задачата се користеше Унимог со моќност од 350 КС, изнајмен од генералниот застапник РКФ Блесес.
Компанијата Гросман, специјализирана за градинарство и шумарство, веќе 13-та година врши превоз на новогодишни елки за своите клиенти во германската престолнина. Меѓу нивните клиенти се и бројни компании во регионот на Падерборн.
За елката да се натовари, прво бил користен 80-тонски кран, по што следело врзување на гранките за стеблото. На најдебелото место, елката израснала до ширина од преку 10 метри. По зафатите на специјалистите и врзувањето на гранките, ширината на спакуваното дрво била сведена на три метри. Вкупно осум лица биле ангажирани за овој потфат.
















