за

Дачиа Сандеро во тесна трка со Тесла Модел Ипсилон за европски број 1 во ноември

Доколку го задржи водството во преостанатото пазарно пребројување, Дачиа Сандеро четврти пат годинава ќе биде најпродаван модел во Европа.

Дачиа Сандеро е на пат и во ноември да ја понесе титулата на најпродаван автомобил во Европа. Според првичните резултати од пазарот, романскиот херојски модел е во предност со 2.296 возила пред Тесла Модел Ипсилон.

Од јануари до ноември, Дачиа Сандеро четирипати беше најпродаван автомобил во Европа.

Со ноемвриска продажба зголемена за 9,5 проценти и продадени вкупно 19.760 возила, Сандеро е во предност со 2.296 возила пред првиот соперник, електричната и трипати поскапа Тесла Модел Ипсилон. Американскиот електричен СУВ од средна класа во ноември заостана со 8,2 проценти во споредба со лани и се продаде во 17.464 примероци. Тоа е според првичните пазарни пребројувања на агенцијата Датафорс.

Второто место што ѝ е извесно на Тесла во ноемвриската продажба, претставува голема пресвртница откако моделот во октомври не успеа да се пласира ниту во Топ 10.

Тесла Модел Ипсилон беше најпродаван модел во Европа во вторите месеци во секој квартал годинава (во февруари, мај и август). Оваа рутина е веројатно дека ќе се повтори и во тековниот квартал.

Можно е марката на Илон Маск сепак да изневери во последниот квартал од 2023 година, поради кризата што Тесла ја создаде со работничките синдикати во целиот скандинавски регион. Протестите почнаа од неколку механичари за Тесла во Шведска, на коишто производителот одби да им потпише колективен работен договор.

Отпорот против Тесла почна да се шири меѓу работниците во сите соседни држави. Прво пристанишните работници во Шведска почнаа да спречуваат возилата на Тесла да се растоваруваат од бродовите. Во протестот во меѓувреме се придружија и синдикатите во Данска, Финска и Норвешка.

Почнувајќи од неделава ќе биде оневозможено автомобилите на Тесла да пристигнат со брод до шведските пристаништа. Илон Маск ќе мора своите автомобили да ги превезува до шведските купувачи со камион, преку континентална Европа.

Тесла Модел 3 веројатно ќе го заврши месецот како трет најпродаван модел во Европа. Растот кај него изнесува 35 проценти во споредба со ноември лани. Податоците се засновуваат врз информациите за продажбата што се доспеани од 97 проценти од пазарот што ги вклучува ЕУ, Обединетото Кралство и ЕФТА.

Водечката петорка ја заокружуваат Рено Клио (+12 проценти) и Фолксваген Голф (+7,1 проценти).

Првичните бројки покажуваат разлика од само две возила меѓу Клио и Голф, така што е можно да се сменат местата, откако и последните пазари ќе ги достават податоците за продажбата до аналитичарите на Датафорс.

Втората жешка трка се води меѓу Фолксваген Тигуан и Фолксваген Т-Рок, коишто ги двојат само 38 возила, според првичните броења.

Голем напредок во ноември имаат постигнато и Нисан Кашкај (+26 проценти) и Фиат Панда (+31 проценти).

Најпродавани модели по месеци во 2024 година

Јануари – Дачиа Сандеро
Февруари – Тесла Модел Ипсилон
Март – Тесла Модел Ипсилон
Април – Дачиа Сандеро
Мај – Тесла Модел Ипсилон
Јуни – Тесла Модел Ипсилон
Јули – Фолксваген Т-Рок
Август – Тесла Модел Ипсилон
Септември – Тесла Модел Ипсилон
Октомври – Дачиа Сандеро
Ноември – Дачиа Сандеро

Модел Ипсилон и натаму ја води продажбата на годишно ниво

И покрај големиот успех на Сандеро во ноември, во вкупната продажба до ноември сепак ќе води Модел Ипсилон. Според првичните бројки, американскиот електромобил води со 229.980 возила, наспроти 217.244 примероци од Дачиа.

Најпродавани 50 модели во Европа во ноември 2023

Марка Модел ноември тренд
1 Dacia Sandero 19,760 9.5
2 Tesla Model Y 17,464 -8.2
3 Tesla Model 3 16,309 34.8
4 Renault Clio 15,760 11.9
5 VW Golf 15,758 7.1
6 Toyota Yaris Cross 14,883 13.1
7 Opel Corsa 14,346 32.8
8 VW Polo 14,093 63.3
9 VW Tiguan 13,939 -12.5
10 VW T-Roc 13,901 -3.5
11 Ford Puma 13,746 24.6
12 Nissan Qashqai 13,360 26.4
13 Fiat Panda 13,236 30.5
14 Skoda Octavia 13,216 90.7
15 Hyundai Tucson 13,177 12.3
16 Kia Sportage 12,810 7.8
17 Toyota Yaris 12,545 -26.4
18 Citroen C3 12,539 5.5
19 Dacia Duster 11,970 0.7
20 Peugeot 2008 11,851 19.3
21 Audi A3, S3 11,760 23.2
22 Peugeot 208 11,631 -23.1
23 MINI One/Cooper 11,600 2.5
24 Toyota Corolla 11,329 7.9
25 Renault Captur 10,694 0.8
26 Ford Kuga 10,270 -13.7
27 VW T-Cross 9,294 -13.2
28 Volvo XC40 9,220 -18.4
29 BMW X1 9,212 68.0
30 BMW 3 8,559 5.3
31 Peugeot 308 8,487 1.6
32 Skoda Kamiq 8,469 50.5
33 Volvo XC60 8,257 52.3
34 Mercedes GLC 8,179 84.8
35 Toyota Aygo X 8,044 -3.3
36 Hyundai Kona 8,035 3.6
37 MG ZS 8,023 26.5
38 Skoda Enyaq 7,928 74.7
39 BMW 1 7,917 15.6
40 Opel Mokka 7,669 -9.1
41 Skoda Fabia 7,547 14.4
42 Dacia Jogger 7,505 34.4
43 Toyota C-HR 7,181 48.9
44 Skoda Karoq 7,146 -10.5
45 Cupra Formentor 7,091 16.1
46 Mercedes A Class 7,084 -21.8
47 Mercedes GLA 6,926 25.8
48 Skoda Kodiaq 6,707 18.8
49 BMW X3 6,618 46.5
50 Renault Austral 6,585 217.3

Најпродавани 50 модели во Европа од јануари до ноември 2023

Марка Модел ноември тренд
1 Tesla Model Y 229,980 117.9
2 Dacia Sandero 217,244 19.4
3 VW T-Roc 191,015 14.8
4 Peugeot 208 184,105 -5.6
5 Renault Clio 181,675 43.9
6 Opel Corsa 176,512 17.0
7 VW Golf 166,304 0.8
8 Toyota Yaris Cross 163,505 31.7
9 VW Tiguan 160,214 20.0
10 Skoda Octavia 149,399 41.9
11 Ford Puma 148,223 15.4
12 Peugeot 2008 147,923 13.7
13 Toyota Yaris 146,130 -8.0
14 Hyundai Tucson 146,017 3.7
15 Dacia Duster 144,196 5.6
16 Kia Sportage 142,316 11.3
17 Citroen C3 135,860 1.5
18 Nissan Qashqai 133,195 25.0
19 Renault Captur 131,771 7.4
20 VW Polo 125,766 18.5
21 Toyota Corolla 120,582 -0.5
22 Fiat Panda 117,188 1.3
23 Ford Kuga 113,903 0.6
24 MINI One/Cooper 113,722 9.6
25 Audi A3, S3 113,604 17.6
26 Volvo XC40 106,681 25.9
27 Fiat 500 99,056 -0.1
28 Toyota C-HR 97,916 4.4
29 VW T-Cross 97,753 -2.9
30 Opel Mokka 97,253 8.7
31 Ford Focus 95,155 30.9
32 Cupra Formentor 92,435 14.2
33 Peugeot 3008 89,544 -7.8
34 Hyundai Kona 88,797 -2.1
35 Peugeot 308 86,999 5.7
36 Tesla Model 3 86,906 21.6
37 Mercedes GLC 84,422 33.0
38 Skoda Kamiq 83,737 28.5
39 Dacia Jogger 80,650 66.1
40 BMW X1 80,134 29.5
41 Skoda Karoq 79,881 26.4
42 BMW 1 79,046 33.2
43 Toyota Aygo X 78,335 26.1
44 MG ZS 78,297 88.4
45 BMW 3 77,748 -1.7
46 VW ID.4 77,589 44.5
47 Skoda Fabia 77,116 -2.8
48 Mercedes A Cross 75,764 -10.1
49 Skoda Kodiaq 75,436 23.1
50 VW Taigo 74,773 23.1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Унимог донесе 20-метарска новогодишна елка во Берлин

Тојота вози трка со синтетски бензин, водород, хибрид