за

Тојота вози трка со синтетски бензин, водород, хибрид

На Тојота ѝ е мошне комотно додека останатата бранша се учи на друг погон, различен од бензин и дизел. Три видови гориво на маратонска трка во Тајланд.

На 10-часовната трка во издржливост во Тајланд, Тојота со цел учествуваше со возила со три различни видови гориво, односно погон: Едното со погон со гориво што е ЦО2-неутрално, другото со водороден погон, третото со вечниот хибрид на Тојота.

Корпорацијата Тојота учествуваше на 10-часовната трка во издржливост Идемицу, за големата награда на Југоисточна Азија 2023, што се возеше на 22-ри и 23-ти декември на патеката Чанг во Тајланд.

Јапонскиот примус учествуваше со три различни видови горива/погон, во категоријата Руки, со ГР86 со погон на синтетско гориво, со ГР Корола Х2 со погон на водород и со новиот Приус ГР, со хибриден погон, но со користење синтетско гориво. Сите три возила се преработени сериски модели и сите три ја завршија трката.

Тојота на 10-часовната трка користеше водород произведен локално, од страна на Кароен Покфанд Група (ЦП). Оваа компанија е посветена на создавање општество што е карбон-неутрално.

Пред трката, на 19-ти декември, во Банкок беше одржан ГР Фестивал 2023, на којшто присуствуваа околу 2.500 фанови. Возачите во повеќе шампионати во коишто учествува Тојота ги прикажуваа перформансите на нивните возила, се тркаа со времето и изведуваа дрифт-шоу. Настанот послужи и за локално претставување на ИМВ0, достапно товарно возило со приспособлива конструкција, наменето за специфични пазари, каков што е Тајланд.

Намерата на Тојота е преку користењето горива што се неутрални во поглед на емисијата на ЦО2 во мотоспортот, да докаже дека нивната применливост не се разликува од обичните фосилни горива. Во Корола со мотор со водороден погон, како гориво се користеше водород произведен со примена на биогас, создаден од пилешки измет, од живинските фарми на ЦП.

Секако дека претседателот на Тојота, Акио Тојода, зеде учество и на оваа трка, под псевдонимот Моризо: „Пораката од учеството на оваа трка е да покажеме дека водородот и хибридите се опција што е карбон-неутрална.“

До неодамна извршен директор, сега претседател, Тојода ги појаснува нештата околу иднината: „Тешко е компанија сама да создаде движење за карбон-неутралност и за иднината на мобилноста. Верувам дека кога поголема маса ќе соработува и ќе презема чекори, бројот на истомисленици ќе расте и трајно ќе се смени пејзажот на иднината.“

Тојода цени дека тајландскиот народ ги подржува луѓето што преземаат чекори, и порачува дека сака да живее „во свет во којшто сите заедно ја создаваме иднината и ги подржуваме тие што напорно работат за таа цел.“

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дачиа Сандеро во тесна трка со Тесла Модел Ипсилон за европски број 1 во ноември

За холандскиот сончев автомобил пристигнаа пари од Јужна Кореја