За холандскиот сончев автомобил пристигнаа пари од Јужна Кореја

Две компании од Јужна Кореја, Санбо Анџел Партнерс и Лајтхаус, инвестираа милиони евра во холандски Лајтјир. Според објавите на корејските медиуми, Санбо вложил 3,5 милиони евра.

Новите инвеститори во холандската компанија веќе се активни во јужнокорејската автомобилска индустрија. Но, ниту со новиот капитал не може да се отпочне со сериско производство на сончевиот автомобил на Лајтјир.

Санбо и Лајтхаус се заинтересирани за тоа што во моментов се работи во Лајтјир: Изработка на соларни покриви за автомобили. Лајтјир го запре производството на својот прв соларен автомобил во почетокот на годинава. Кусо потоа следеше и објавувањето стечај. Во април беше објавено дека компанијата повторно ќе работи, во сегашниот и значително скусен обем на работа.

Холанѓаните воспоставиле контакти со двете корејски компании за време на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас, што се одржува секоја година во почетокот на јануари. Шефот на Лајтјир, Лекс Хоефслот, кажа дека „овој чекор го проширува и нашиот пристап до моќниот јужнокорејски автомобилски сектор.“

Јужна Кореја е петти најголем производител на автомобили во светот. Од основањето во 2016 година, Санбо Анџел Партнерс има вложено во повеќе од 120 нови компании за технологија, што работат во подрачја на енергетика, одржливост, аеро- и астраонаутика. Преговорите со Санбо траеле повеќе месеци.

https://www.youtube.com/watch?v=Xee3D7prGzw

Претходна објаваТојота вози трка со синтетски бензин, водород, хибрид
Следна објаваАвтопилотот на Тесла е лесен плен за хакерите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here