за

Полиција во САД два часа гонела украден тенк

Кој смее да има нешто против полициски Rolls-Royce?

Американец со тенк украден од воена база во Вирџинија си приредил авантура долга 100 километри, бегајќи ѝ на полицијата којашто цели два часа немоќно го следела борбеното возило

Уште една епизода со полициска бркотница по американските патишта, овојпат со сериозен предизвикувач. Брзо по стемнување, жителите на градот Ричмонд во сојузната држава Вирџинија имале глетка каква што ретко се доживува. Тенк го тресел асфалтот во градот, додека вообичаената колона од десетици полициски возила следела зад него.

Тоа што жителите го пријавувале како тенк, сепак било само командно оклопно возило, но и тоа е закана што не смее да се потцени. Военото возило било украдено од локалната база околу осум часот навечер, по што следело пристојно долго возење од стотина километри. Брзината не била проблем за полицијата да го сопре „тенкот“, затоа што тој не постигнува повеќе од шеесетина километри на час. Проблемот е што се работи за борбено возило тешко десетина тони, коешто е создадено да не може да се сопре. Авантурата завршила по цели два часа, возачот е приведен.

Полицијата морала да примени сила за да го совлада возачот, кој е воено лице од базата. Како што известуваат тамошните медиуми, војникот е однесен во болница, со лесни повреди. Нема други повредени, нема ниту позначајна материјална штета. Во тенкот немало муниција, се утврдуваат причините за оваа необична вежба на американскиот војник.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW Z1

Кој беше BMW Z1, претходникот на сите „Z“

камиони погон на метан

Камиони со погон на метан на проба во супермаркетите Aldi