за

Убер отсега доаѓа и да ја искоси тревата во дворот

Убер е познат по превозот на патници и по доставата на храна. Наскоро почнува пробата за новата услуга, а тоа се домаќински работи, меѓу другото и косење трева.

Возачка или возач на Убер може да се повика и да заврши домаќински работи по куќа. Услугата е во пробна фаза, и таа може да се покаже како добро проширување на бизнисот, којшто во последно време се развива забавено.

Убер е големо име во превозот на патници по повик во САД. Но, сега на компанијата ѝ треба следното проширување на бизнисот. По Убер Итс, делувањето на компанијата наскоро ќе се прошири со Убер Таскс.

Компанијата долго време беше посветена исклучиво на превоз на патници по повик. Но, тоа се смени. Корисниците можат преку услугата на Убер Итс да нарачаат храна во најразлични ресторани. Тоа е практика што одамна стана вообичаена и кај нас. Преку оваа услуга, Убер врши достава на храна.

Сега е во план да се воведе уште една услуга. Во САД веќе се работи на пилот проектот. Корисниците ќе можат преку Убер Таскс да нарачаат и помош во домаќинството. Планот е со услугата да се започне уште во текот на годинава.

Возачите на Убер наскоро ќе доаѓаат и кога корисниците ќе побараат да се завршат работи по домаќинството. Во тоа спаѓаат косење трева, чистење снег, перење облека или составување мебел.

Тоа ќе биде дополнителен приход за возачите на Убер, покрај превозот. Во почетокот ќе се тестира во Алберта, Канада и во американската сојузна држава Флорида. Проектот почнува за неколку недели. Во САД веќе има други понудувачи на услуги од овој вид. Слична е понудата на ТаскРебит или Енџи.

Убер уште не ги открива подробностите околу видот на услугите. Можно е таксистите да помагаат при пакување на куферите за на одмор или за чистење на домот. Пред да одговорат на повикот, возачите ќе имаат увид каква задача се бара од нив.

На компанијата ѝ е потребно проширување, затоа што единаесетте проценти плус во последниот квартал беа најмалиот раст во работењето на компанијата во изминатите две и пол години.

Го следите нашиот видео канал на YouTube?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фиат Тополино е како автомобил од цртаните на Дизни

Никој нема повеќе дефекти од Тесла Модел 3, покажува извештајот на ТУВ