AKK Renault Sport, како организатор на Renault Twingo Cup и официјалните претставници на LEMA Racing, најавуваат уште еден интернационален настап за натпреварувачите во Twingo Cup, Викендов (26-ти и 27-ми јуни) се вози на тркачката патека во Серес, Грција.
Во Серес ќе се возат петтата и шестата трка од Twingo Eurocup, коишто се бодуваат согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a трката ќе се бодува и за првенството на Македонија. Пријавени се вкупно 23 возила од: Словенија, Унгарија, Србија и 10 возила на македонски натпревaрувачи. За Македонија возат Ненад Костовски, Иван Стефановски, Слободан Трајковски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.
Официјалната програма на натпреварите е следна:
26.06.2021 год. (Сабота)
- 08:00-10:00 Верификација и технички преглед
- 10:00-12:00 Слободен тренинг
- 12:00-13:00 Квалификации
- 13:00-15:00 Пауза за ручек
- 15:00-17:00 Прва трка
- 17:00-18:00 Церемонија на доделување на награди
27.06.2021 год. (Недела)
- 10:00-12:00 Слободен тренинг
- 12:00 – 13:00 Пауза за ручек
- 13:00- 15:00 Втора трка
- 15:30 Церемонија на доделување на награди
По четири извозени трки во генералниот пласман во првенството на Македонија првото место го делат Давид Малинковски и Ангелче Стојковски кои имаат по 52 бода, додека пак на третото место е Мартин Костовски со 42 бода.
Следниот меѓународен натпревар каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ е закажан во Гробник – Хрватска од 23 – 25.07.2021 додека пак финалната трка за заокружување на сезоната е закажана повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.
Поддржувачи на купот се Аутомотив Груп, Renault, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг, кои овозможуваат трките да се организираат на високо ниво, како на домашните така и на меѓународните автомобилски патеки.
















