Во новата генерација на Mercedes C-Class се вградуваат само четирицилиндарски мотори. За суверената моќ при поаѓање и забрзување отсега дополнително се грижи 48-волтен стартер-генератор, нема потреба од екстра работна зафатнина и екстра цилиндри. Секако дека во моторите и натаму работи врвна технологија. Во ова продолжение од нашата серија ги претставуваме сите мотори во новиот Mercedes.
Електрификацијата ја зафати и најпродаваната класична серија модели на Mercedes, новиот C-Class. Формулата што инженерите на Daimler ја користеа при развојот на новата генерација модели, во поглед на погонската спрега, гласеше: Стартер-генератор во 48-волтна архитектура, во помош на четирицилиндарските бензински и дизел мотори. Нема потреба од шест цилиндри и мотори со повеќе од два литри зафатнина во C-Class.
Така велат инженерите на штутгартскиот производител на автомобили и сигурно е дека пазарот нив ќе им верува повеќе отколку на „професионалните“ коментатори по друштвените мрежи, кои и по десет години ќе порачуваат дека нема подобро од моторите од 80-те и 90-те години. Толку за „стручните“ коментари околу тоа што индустриски глобален џин како Daimler, што вложува милијарди во своите автомобили, решил повеќе да не вградува 6-цилиндарци во C-Class. Со исклучок на AMG-варијантите, што ќе следат подоцна.
Сите погонски единици потекнуваат од тековната генерација мотори на Mercedes со модуларна конструкција FAME (Family of Modular Engines). Турбонатполнењето е стандард во целата гама, исто како и интелигентната подршка при ниски вртежи од страна на интегрираниот стартер-генератор (ISG) од втора генерација. ISG е дел од 48-волтната мрежа што овозможува функции како „едрење“, бустирање или повраток на енергијата при сопирање. Со него се постигнува и значајна заштеда во горивото.

Уште една предност е тоа што моторот стартува речиси неосетно по секое активирање на системот старт-стоп, без вообичаениот звук и без вибрации. ISG се грижи и за исклучително култивирана работа на моторот во место. Возачот исто така не чувствува и кога ISG се вклучува при умерено возење со рамномерна брзина, за да помогне брзината да се одржи, без активирање на моторот.
Прв дизел со интегриран стартер-генератор
врвот во штедливоста му пропаѓа на новиот дизел мотор OM 654 M со интегриран стартер-генератор од втора генерација. Покрај електрификацијата, којашто овозможи и примена на електричен компресор за средството за ладење за клима уредот, во моторот се извршени уште цела низа промени, што доведоа до моќноста од 195 kW (265 КС) и дополителни 15 kW (20 КС) буст од ISG.
- Новото коленесто вратило донесе òд зголемен на 94,3 mm, со што работната зафатнина порасна на 1.993 cm³ (претходно 92,3 mm und 1.950 cm³).
- Притисокот на впрскување е зголемен на 2.700 bar (досега 2.500).
- Посебно брза реакција и рамномерно ослободување моќ со помош на два турбо-компресори со водено ладење, со тоа што сега двата располагаат со варијабилна геометрија.
- Каналите за ладење во челичните клипови се наполнети со натриум. На тој начин подобро се одведуваат температурните врвови во вдлабнувањето во челото на клипот.
Постигнат е напредок и во пречистувањето на издувните гасови кај најсилниот дизел. Тоа се состои од:
- акумулациски катализатор за азотни оксиди
- DPF со специјален слој што исто така ја смалува количината на азотни оксиди
- катализатор SCR (Selective Catalytic Reduction) со дозирано впрскување AdBlue,
- дополнителен катализатор SCR во подот на возилото, со посебно впрскување AdBlue.
Четирицилиндарски бензинци со ISG од втора генерација
Премиера во новата C-Class доживува четирицилиндарскиот бензинец M 254 со интегриран стартер-генератор ISG од втора генерација, со дополнителни 15 kW моќност и екстра 200 Nm вртежен момент. Преку повраток на енергијата при сопирање и „едрење“ со изгаснат мотор се постигнува голема заштеда во горивото. Во M 254 првпат во една погонска единица се соединети сите иновации од модуларната фамилија мотори со шест и четири цилиндри, бензински и дизели. Меѓу технологиите се вбројуваат обложување на цилиндрите NANOSLIDE, хонување на цилиндрите CONICSHAPE (хонување во форма на труба) и пречистување на издувните гасови што е поставени директно на моторот.
Целосна новина е сегментниот турбокомпресор (твин-турбо) со континуиран проток, што претставува унапредување на технологијата Twin-Scroll, за уште поспонтана реакција на турбонатполнењето. Сегментниот турбокомпресор е комплетно нов и дело е на соработката со тимот Mercedes-AMG Petronas во формула 1. Трансферот на оваа технологија од мотоспортот во сериските возила носи голем напредок во комбинацијата од моќност и штедливост. Mercedes C 300 краткотрајно може да постигне моќност зголемена за 20 kW (32 КС), преку функцијата на Overboost.
Автоматски менувач е стандард во целата гама
Менувачот 9G-TRONIC е оптимиран за комбинирање со ISG и се вградува во сите моделски извееби на Mercedes C-Class. Електромоторот, трафо-секцијата и ладењето на менувачот се директно во или до менувачот. На тој начин значително се скусија каблите, димензиите се помали и тежината е пониска.
Порасна и ефикасноста на менувачот. Преку оптимираната заедничка работа со електричната дополнителна пумпа за масло е намален протокот на механичката пумпа за 30 проценти. Се користи и нова генерација на целосно интегрирана контролна електроника на менувачот со Multicore-процесот и со нова техника на поврзување. Покрај зголемената процесорска моќност, драстично е смален бројот на електрични компоненти и тежината на контролната единица е смалена за 30 проценти.
Погонот 4MATIC на моделите со погон на сите тркала исто е унапреден. Со новиот погон на предната оска може да се пренесува повисок вртежен момент и може да се постигнат подинамични возни својства. Тежината е намалена во споредба со претходникот. Кај надолжниот разделен преносник се смалени отпорите на триење. Покрај тоа, погонот сега располага со затворен систем за подмачкување и нема потреба од дополнително ладење.
Бензинските мотори во новиот Mercedes C-Class
| C 180 | C 200 | C 200 4MATIC | C 300 | C 300 4MATIC | |
|
Зафатнина cm³ |
1.496 | 1.496 | 1.496 | 1.999 | 1.999 |
|
Моќност КС |
170 |
204 |
204 |
258 |
258 |
|
Boost КС |
20 |
20 |
20 |
20 |
20 |
|
Врт. момент Nm |
250 |
300 |
300 |
400 |
400 |
|
Boost Nm |
200 |
200 |
200 |
200 |
200 |
|
L/100 km (WLTP) |
7,2-6,2 |
7,2-6,3 |
7,6-6,6 |
7,4-6,6 |
7,9-7,0 |
|
0-100 km/h [s] |
8,6 |
7,3 |
7,1 |
6,0 |
6,0 |
|
km/h |
231 |
246 |
241 |
250 |
250 |
Дизел мотори во новиот Mercedes C-Class
| C 220 d | C 300 d | |
|
Зафатнина cm³ |
1.993 | 1.993 |
|
Моќност КС |
200 |
265 |
|
Boost КС |
20 |
20 |
|
Врт. момент Nm |
440 |
550 |
|
Boost Nm |
200 |
200 |
|
L/100 km (WLTP) |
5,6-4,9 |
5,6-5,0 |
|
0-100 km/h [s] |
7,3 |
5,7 |
|
km/h |
245 |
250 |
Мак Аутостар ги објави цените за новиот Mercedes C-Class:
|
Моделска изведба |
Цена (евра) |
| C 220 d | 53,990.- |
| C 300 d | 59,990.- |
| C 180 | 46,000.- |
| C 200 | 50,990.- |
| C 200 4M | 54,510.- |
| C 300 | 54,990.- |
| C 300 4M | 57,900.- |
Во претходните објави:
Овој автомобил е Ц-витамин за Мерцедес
Новиот Мercedes C-Class до детал: Колку порасна новиот модел?
















