за

Марко Блажевски најдобар македонски возач на Twingo Cup на патеката Гробник

АКК Рено Спорт Скопје и Лема Расинг денес ја одржаa првата трка од финалниот викенд на македонскиот Renault Twingo CUP во Гробник, Хрватска.

Двајца натпреварувачи на Renault Twingo CUP се пласираа во Топ 10. Марко Блажевски беше седми во генералниот пласман. Второто место пак припадна на победникот за втората сезона на купот, на Давид Малинковски Третопласиран е младиот Мартин Костовски.

Пласманот на останатите македонски возачи на денешната трка на познатата патека во Хрватска е следен: Зоран Мираковски е 19-ти во генерален пласман, Ангелче Стојковски извозе 21-во време, Слободан Трајковски 22-ри и Емил Нацка 23-ти, додека Владимир Тренески и Ненад Костовски не влегоа во класификацијата за бодување.

И покрај тоа што победата на брилијантниот Малинковски е сигурна, нѐ очекува уште една финална Twingo CUP трка, закажана за утре во 16:00 часот, а истата може да ја следите во живо на следниот линк:

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Камионетите на DFSK почнаа да возат на струја

Првиот Cadillac на струја се распродаде за 10 минути