Камионетите на DFSK почнаа да возат на струја

Тие се честа појава по македонските улици и се користат во возниот парк на комуналните служби, но и од приватни компании во градежната сфера и од услужните дејности. Нивната марка е DFSK, возилата се прозведени во Кина, и тоа му одговара на пазарот, затоа што добива издржлива техника што е едноставна за одржување, по поволна цена. Но, Кинезите сега додаваат аргумент плус за своите лесни товарни возила: Погон на струја.

Важна премиера на Саемот за комерцијални возила во Бирмингем за кинескиот производител DSFK. На најголемиот и најуспешен настан од автомобилската сфера во Велика Британија доживеаја премиера електричните модели, фургонот EC35 и камионетот EC31. Саемот во Бирмингем привлекува десетици илјади професионалци од секторот на доставните возила.

Изборот на Велика Британија за премиера на електричните модели доаѓа и од причина што земјата има доследна политика за брзо прифаќање на електричниот погон, вклучувајќи масивни субвенции и повластици. По 2030 година, во островската држава повеќе нема да се регистрираат нови возила со обичен мотор со внатрешпно согорување.

Фургонот DFSK EC35 моментно е најпродавано доставно возило со чисто електричен погон на кинескиот пазар. Носивоста изнесува 950 килограми, а товарниот простор располага со зафатнина од 5 метри кубни. Со полна батерија може да се минат до 150 километри. Вградената техника дозволува EC35 да користи и брзи полначи со еднонасочна струја, кога целосното полнење може да трае само час и половина.

Технички податоци · DFSK EC35

  • Батерија, капацитет · 42 kWh
  • Моќност на електромотор · 60 kW (82 КС)
  • Димензии на возило · 450 х 168 х 199 cm
  • Димензии на товарен простор · 257 х 163 х 144 cm
  • Тежина на празно возило · 1520 kg
  • Носивост · 950 kg

>>> Тест: DFSK Glory 580 · Колата што сите ја гледаме, но ја мислевме за друга

 

Претходна објаваYaris Cross: По малку од Yaris, малку од RAV4, многу од Toyota
Следна објаваМарко Блажевски најдобар македонски возач на Twingo Cup на патеката Гробник