за

Трка на најбавните електрични автомобили

Автомобилите со погон на струја се ѕвезди на сцената. Се води трка да се постигне најдолг досег и најкусо полнење на батериите, се поставуваат рекорди во спринт и на тркачка патека. Но, тоа важи само за најскапите и најексклузивните модели. Како е на спротивниот крај?

Британскиот Whar Car се впушти во уште еден историски предизвик. Место да ги споредува најсилните и најскапи автомобили со погон на струја, магазинот избра четири електрични микроавтомобили и квадрицикли, и ги пушти на трка на 400 метри, како и на тркачка патека.

Ова е најбавната трка во спринт на 400 метри во светот, а сосем е извесно и дека е најтивката. Учесниците во трката се избрани модели од сцената на електричните автомобили: Renault Twizy, Citroen Ami, Micro Electric и Reva G-Wiz од постаро годиште. Тоа се најдостапните „автомобили“ со погон на струја – реално, тоа се квадрицикли.

Четирите автомобили се наменети за градското секојдневие и претставуваат најосновна форма на индивидуална мобилност на сцената. Единствено Renault Twizy смее да се движи по автопат, останатите се пребавни за тоа. Дури и вратите кај некои од нив се луксуз за којшто треба да се доплати.

Во категоријата за возните својства, јасен победник е Citroen Ami. Неговите соперници во дел се премногу „страшни“ за со нив да се влегува побрзо во свијок. Комфорот исто така е непознаница.

Тоа што требаше да личи како здодевна трка, всушност се покажа како мошне возбудливо соочување. Видео што дефинитивно вреди да се изгледа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus е главна марка на фестивалот на филмот во Венеција

Toyota Corolla Hybrid на лимузинска тура низ Преспа