за

Lexus е главна марка на фестивалот на филмот во Венеција

Lexus е официјален автомобил на 78-от филмски вестивал во Венеција. Главна ѕвезда на престижната марка е новата генерација на Lexus NX.

Светските ѕвезди од филмското платно ќе добијат достојна автомобилска придружба што ќе ги довезува до црвениот тепих на Ла Биенале ди Венеција 2021. Од целата моделска гама на Lexus, нагласокот е ставен на новиот NX, што Италија ќе го види првпат.

Петта година во низа, Lexus е официјален автомобил на Венецијанскиот фестивал на филмот. Лидо ќе биде светски центар на филмот во периодот од 1-ви до 11-ти септември. Корејскиот режисер Бонг Јоон-хо ќе биде во улога на претседател на меѓународното жири, додека актерката, пејачка и водителка Серена Роси ќе биде домаќинка-кума.

Фестивалот ќе послужи и како сцена за Lexus да ја промовира новата генерација на СУВ-моделот од средната класа NX. Тој е прв модел на престижната марка на Toyota, што е достапен со приклучен хибриден погон, односно со приклучок за полнење на батеријата. Новиот модел доаѓа со таканаречен тазуна-кокпит, кој на возачот му посредува чувство на поврзаност со автомобилот, исто како јавач што ги користи дизгините за да командува со коњот.

Актерот, директор и сценарист Адоардо Лео ќе зборува за марката Lexus на фестивалот, со претставување на вредностите што го поврзуваат Lexus со светот на филмот, преку личните и професионални искуства.

Возниот парк на Lexus за Венецијалскиот фестивал на филмот се состои од 35 автомобили од моделските серии NX, UX и RX, секако и од лимузината ES, како и од луксузното купе LC. Електричниот Lexus UX 300e не смее да отсуствува, исто како и купето LC.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што ги разликува Берлин и Скопје во видовите превоз во градот?

Трка на најбавните електрични автомобили