за

Се враќаат старите Trabant и Wartburg по германските патишта

Aвтомобилите на некогашна „Источна“ се враќаат на улиците, откако речиси исчезнаа по соединувањето. Германија изненадува со бројот на регистрирани возила Trabant и Wartburg.

Повеќе „трабанти“ отколку „тесли“ на германските патишта

Германската статистика пријавува повторно зголемување во бројот на регистрирани возила од источногерманските марки Trabant и Wartburg. Трендот трае веќе неколку години.

Според актуелната статистика, во Германија се регистрирани 39.342 возила Trabant за редовен сообраќај по патиштата. Само во сојузната покраина Саксонија, каде што беше фабриката на Trabant, регистрирани се повеќе од 10.000 примероци.

Втора сојузна покраина според бројот на Trabant со свеж печат за регистрација е Бранденбург, на североистокот на земјата. Во покраината во чиешто срце се наоѓа престолнината Берлин, некогаш поделен со ѕид на Западен и Источен Берлин, регистрирани се 6.300 возила Trabant. Следна најголема територија за Trabant е Тирингија, покраина во самото средиште на Германија, со 5.700 регистрирани возила Trabant.

Во 2010 година, статистиката покажала дека во земјата се регистрирани 34.800 примероци од марката од градот Цвикау. Тоа значи дека бројноста во меѓувреме се зголемила за 4.542 возила или за повеќе од 13 проценти.

Причина за популарноста е тоа што автомобилот ги потсетува луѓето на нивното минато, велат од клубот на Trabant во градот Цвикау. Автомобилот денес се цени сосем различно отколку пред 20 години и спаѓа меѓу олдтајмерите. Нема проблеми ниту со резервните делови, затоа што некои од потрошните делови уште се произведуваат.

Во уличната слика повремено се појавуваат и Wartburg, возила што се произведуваа во Ајзенах. Статистиката води 8.726 редовно регистрирани примероци од некогашните лимузина и комби од средната класа во ДДР. Најголемиот број од возилата исто така се регистрирани во сојузната покраина Саксонија. Во 2010 година, во земјата имало регистрирани вкупно 7.700 возила, околу илјада возила помалку отколку денес.

Вкупно беа произведени 1,2 милион возила од марката Wartburg, почнувајќи од првиот модел 311 од 1955 година. Фабриката во Ајзенах произведуваше до 1991 година. Првиот автомобил од марката Trabant е произведен на 7-ми ноември 1957 година, до завршетокот на производството во 1991 година, вкупната продукција достигна три милиони примероци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

мерење на загаденост воздух

Среќа е што само во Македонија автомобилите не загадуваат

Opel пред дваесет години ја пушти Astra OPC со 200 КС