Toyota ќе се перчи со водород на климатската конференција на ОН

toyota mirai водороден погон

Toyota е спонзор на изложбата под наслов „Водород – неограничениот извор на енергија“. Изложбата е официјален дел од програмата на 23-та Климатска конференција на ОН, којашто ќе се одржува во германскиот град Бон.

Toyota ќе настапува како спонзор на изложбата „Водород – неограничениот извор на енергија“ којашто ќе биде поставена од 7-ми ноември до 3-ти декември во Германскиот музеј во Бон. Изложбата е дел од програмата на 23-та Климатска конференција на Обединетите Нации, којашто ќе се одржува во германскиот град.

Покрај спонзорството, јапонскиот технолошки пионер учествува и со две возила со погон на водород Toyota Mirai, кои ќе се користат во возниот парк за учесниците на конференцијата. Изложбата ќе ги прикажува начинот на производство, складирање и користење на водородот, вклучувајќи и неколку интересни примени.

Toyota ќе произведува 30.000 возила со водороден погон од 2020 година

Toyota во 2015 година го претстави моделот Mirai, како прва лимузина со водороден погон во редовна продажба. Погонот на водород е клучен дел од „Toyota Environmental Challenge 2050.“ Цел на овој акциски план е просечната емисија на СО2 на целиот возен парк на Toyota до 2050 година да се намали на 90% од вредноста во 2010 година. За достигнување на амбициозната цел, Јапонците најавуваат продукција на 30.000 возила со погон на водород на годишно ниво, почнувајќи од 2020 година.

Посетителите на изложбата ќе можат бесплатно да го користат и превозот со комбе со водороден погон.

Претходна објаваНовите автомобили трошат 42% повеќе гориво од фабричката декларација
Следна објаваOpel комплетно се префрлува на техниката на Peugeot

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here