за

Toyota пушта втора фабрика за Yaris

Во фабриката на Toyota во Чешка првпат се произведува Yaris. Оттаму досега пристигаа Aygo-C1-108, за коишто исто така има наследник.

Во чешкиот град Колин првпат ќе се произведуваат модели на Toyota што се конструирани врз платформа TNGA и користат хибриден погон. Јапонците вложија 180 милиони евра, овој чекор е одговор за високата побарувачка за најпродаваниот модел на Toyota во Европа.

Освен во францускиот Валенсјан, Toyota Yaris отсега ќе се произведува и во Чешка. Во Колин започна производството на популарниот модел од градската класа. Со втората фабрика за Yaris, производителот реагира за големиот интерес на европскиот пазар за овој модел со долга традиција, што ја продолжува низата на Starlet.

Toyota вложи повеќе од 180 милиони евра во производствениот капацитет што целосно го презеде во сопственост од PSA во јануари годинава. Во фабриката во три смени ќе се произведуваат модели што се конструирани врз платформата TNGA (Toyota New Global Architecture).

Уште една важна новина е тоа што во Чешка првпат ќе се произведуваат возила со хибриден погон – дури 80% од купувачите на Yaris избираат изведба со хибриден погон, што се испорачува од фабриката во Полска. Од следната година, во Колин започнува и производството на новиот кросовер Aygo X

Toyota отвори 1.600 нови работни места во фабриката во Чешка. Зголеменото производство ќе им донесе корист и на фабриките на добавувачите. До 2025 година, Toyota предвидува годишната продажба на своите модели на европскиот пазар да ја зголеми на 1,5 милион возила.

>>> Toyota му додаде фактор X на новиот Aygo

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Mustang Mach-E има проблеми со стабилноста на тестот на ADAC

Daimler ги продава своите акции во Renault