Фабриката на Toyota Motor Manufacturing France (TMMF) во округот на Онен-Валенсјан, лоцирана во О де Франс, најсеверниот регион на Франција, во 2022 година се произведени 161.508 примероци од Yaris Crosse.
Француската фабрика на Toyota лани произвела вкупно 255.584 возила, вклучувајќи ја 4-та генерација на Yaris и примероците под знакот на Mazda. Тоа е втората најголема продукција што ја постигнала TMMF, откако фабриката е пуштена во работа во 2001 година.
Yaris Cross почна да се произведува во Валенсјан во јули 2021 година. Моделот што ја чини основата на понудата на СУВ-модели на Toyota, постигнува мошне високи бројки во продажбата во европски рамки и ја заврши минатата година како 5-ти најпродаван модел во сегментот на градски СУВ-модели, во којшто постои најголемата конкуренција и практично не постои производител без понуда во истиот.
Toyota Yaris Cross заменува уште една Toyota и уште еден Yaris на местото на најпроизведуван автомобил во Франција. Во последните десет години, Toyota Yaris седумпати беше најпроизведуван автомобил во земјата.
Со проширувањето на портфолиото со вториот модел, Toyota Motor Manufacturing France (TMMF) лани го имаше вториот најдобар резултат откако фабриката е отворена во 2001 година. Со вкупно 255.584 произведени возила во 2022 година, фабриката во Горна Франција беше мошне блиску до рекордот од 2007 година, кога продукцијата достигна 262.243 возила.
Yaris Cross учествува со 63% во годишната продукција на фабриката. Зачудувачки висок е уделот на моделските изведби со хибриден погон, дури 95% од произведените примероци се хибриди.
Едно од секои четири возила што Toyota ги продава во Европа се произведува тука во TMMF. Тоа прави нашата фабрика да биде најважна во групацијата во Ефвропа. Тоа се одлични вести за сите наши вработени; нашата амбиција да достигнеме 300.000 возила да се произведуваат годишно добива форма
Џим Крозби, претседател на Toyota Motor Manufacturing France
Планот за годинава е да се постави нов рекорд, со 280.000 произведени возила. Тоа е мошне реалистична цел, имајќи предвид дека тесното трло во снабдувањето на браншата со микрочипови веќе попушта, а од друга страна фабриките имаат долги списоци со нарачки за возила, што допрва треба да се произведат.
Во согласност со овие планови, TMMF во минатото лето најави дека 500-те лица што се ангажирани со договор за работа, ќе добијат редовен работен однос. Фабриката во моментов вработува 5.043 лица.