за

Toyota Yaris најпродаван модел со алтернативен погон во Европа

Со повеќе од 13.000 продадени примероци во октомври, новиот Toyota Yaris го предводи европскиот пазар на возила со електромотор во погонската спрега.

Toyota Yaris најпродаван модел со алтернативен погон во Европа

Европскиот автомобилски пазар продолжува да се менува од корен. Близу една третина од новорегистрираните возила во октомври се хибриди, благи или приклучни хибриди и чисто електрични возила. Новиот Toyota Yaris ја презема шампионската титула.

Европскиот пазар во октомври регистрирал 1.127.624 возила. Тоа е седум проценти послабо во споредба со истиот месец лани и секако се должи на корона-кризата. Октомврискиот заостаток е најмал месечен заостаток годинава, што на производителите им влева надеж дека годинава сепак ќе ја завршат во позитива. Друг тренд се развиваше паралелно, а тоа е засилената продажба на возила со погон што статистиките уште го водат како алтернативен. Тоа се во основа сите возила што имаат електромотор во погонската спрега, било да се работи за благ хибрид, било да е чисто електричен автомобил.

Трендот кај „електричните“ и натаму е мошне убедлив, со удел од 26,8 проценти во вкупниот пазар и со вкупно 302.587 продадени возила. Втор месец во низа, дизелот се продава послабо од алтернативците и неговиот удел е паднат на 26,3 проценти. На возила што користат само бензински мотор, отпаѓаат 44 проценти од октомврискиот пазар.

Електричните автомобили со сите свои подкатегории, во октомври постигнале раст од 157% во споредба со лани. Причината за овој сензационален раст е зголемениот број на модели со благ хибриден погон – станува збор за раст од 427 проценти! Производителите масовно почнаа да ги нудат овие „благохибридни“ модели, кои располагаат со стартер-генератор, место со класичен алтернатор и стартер, плус мала батерија. Ова погонско решение им гарантира пониска емисија на СО2, а Комисијата на ЕУ строго ја надгледува емисијата и подготвува строги казни за производителите што ќе го надминат лимитот.

Некои производители им наложуваат на дилерите масовно да регистрираат благи хибриди како службени возила, за вештачки да се намали просекот на СО2 – конкретен пример за тоа е Fiat

Аналитичарите сепак ја познаваат најдобро природата на овој феномен со благите хибриди – Fiat им одредува на дилерите во својата мрежа масовно да регистрираат примероци од Panda и 500 со благ хибриден погон како службени автомобили, со цел на тој начин да се кешира продажбата на возила со повисока емисија на СО2 и на тој начин вештачки да прикаже пред ЕУ дека е во рамките на лимитот.

Во продолжение списокот на 30 најпродавани модели со алтернативен погон на европскиот пазар во октомври 2020.

ЛЕГЕНДА:

Зелена боја: Модели со хибриден погон

Сина боја: Модели со електричен погон

Портокалова боја: Модели со приклучен хибриден погон

Жолта боја: Модели со благ хибриден погон

>>> Првпат повеќе електрични и хибридни возила од дизели во европската продажба

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche донира 911 евра за секоја онлајн-нарачка на возило

Porsche донира 911 евра за секоја онлајн-нарачка на возило

Dacia Spring electric ќе се нуди како рентакар во Франција

Електричната Dacia ќе се нуди како рентакар во Франција