Porsche презема добротворна акција во оваа година на корона, но и во време кога католичкиот свет се подготвува да го одбележи Божик. За секое возило што ќе се нарача онлајн, германските дилери на Porsche ќе донираат по 911 евра во добротворни цели.
Акцијата на Porsche за помош во корона-кризата ќе се реализира преку 88-те дилери на Porsche во Германија, кои моментно располагаат со повеќе од 4.000 нови и користени возила, достапни веднаш. Донаторската акција со 911 евра за секој автомобил што ќе се нараќа онлајн ќе трае до 21-ви декември.
Онлајн каналот за продажба беше воведен во октомври лани и истиот се покажа особено делотворен, како дополнителен заштитен механизам во корона-кризата. Од германската мрежа на Porsche наведуваат дека во рамките на донаторската акција, низ залагање на Porsche-заедницата, ќе се обезбеди поддршка во општествените делови на кои итно им е потребна помош.
Програмата е дел од „Porsche hilft“, како иницијатива што беше покрената во март и истата сега е зголемена за пет милиони евра. Со овие средства ќе се обезбеди помош за продавниците за храна со најдостапни можни цени, но и за старечките домови и за клиниките.
















