за

Toyota го пушта водородниот мотор на трки

На 24-часовниот тркачки маратон во Јапонија ќе учествува Toyota Corolla со мотор што користи водород како гориво.

Инженерите на Toyota вистински владејат со водородот. Освен што најзастапениот хемиски елемент во универзумот може да се користи во горивна ќелија, којашто проиведува струја и движи електромотор, водородот може да согорува и во мотор што посебно е приспособен за тоа.

Корпорацијата Toyota развива мотор што работи на водород и наскоро ќе го тестира во мотоспортот. Место бензин, во моторот согорува водород. Нема штетна емисија на СО2. Јапонскиот техно-пионер на тој начин прикажува уште еден начин на користење на водородот како погонско гориво. Toyota досега има посочувано повеќепати дека водородот го гледа како единствено погонско гориво во иднината.

Моторот е трицилиндарски, турбо, со интеркулер, од типот GE16-GTS. Водородот се впрскува во коморите за согорување на моторот со внатрешно согорување преку приспособен систем за напојување и впрскување на горивото. Самото согорување е побрзо отколку кај бензинските мотори, а тоа значи и дека моторот реагира подиректно. Понатаму, вибрациите се смалуваат и подобро е чувството при возење. Звукот на класичен бензински мотор останува. Најголемата предност е во тоа што нема емисија на СО2.

Премиерата на моторот на трка ќе се случува на 24-часовната трка во Фуци (21-ви до 23-ти мај) во рамките на серијата Супер Таикију – нешто слично на 24-часа Леман. Моторот ќе работи во Toyota Corolla, со погон на сите тркала и со мануелен менувач. Горивото доаѓа од истражувачки центар во префектурата Фукушима.

>>> Водородниот погон на Toyota ќе движи и локомотива

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германски „Цајт“ со запрепастувачки факти за кинеските автопатишта на Балканот

Кога и Cadillac почна да вози на струја