за

Новата занимација на Тојота: Вештачка интелигенција и машинско учење

Тојота работи на технологија што се заснова врз вештачка интелигенција и машинско учење, со цел да се усоврши автоматското возење.

Тојота ја најавува технологијата многу поскромно, но во основа тоа значи дека секој зад воланот ќе може да вози како професионален тркач

Истражувачкиот институт на Тојота соопшти дека има нови технолошки достигнувања. Човекот и машината сега соработуваат попријателски. Од тоа ќе произлезат возила од некоја следна генерација што се движат целосно автоматски.

Штотуку претставениот концепт од Истражувачкиот институт на Тојота се нарекува „Драјвинг Сенсеи“ и користи вештачка интелигенција и машинско учење. Целта е да се усоврши технологијата што ќе му помага на возачот во секојдневието. Помошта може да значи подобрување на возачките способности, но исто води и кон повисока безбедност во возењето.

Предизвиците на Институтот на Тојота во најновиот истражувачки потфат беа удобноста да се подигне на следното ниво и првенствено да се подобри активната безбедност. Научниците на Тојота опишуваат дека возачот повеќе соработува со интелигентното возило. Под „Драјвинг сенсеи“, се подразбира спој меѓу тренинг со кого што раководи вештачката интелигенција (КИ) и помош за возачот што се заснова врз КИ.

„За Тојота е најважна безбедноста“, објаснува Гил Прат, извршен директор на истражувачкиот институт на Тојота (ТРИ). „Нашиот приод што е посветен на луѓето се одликува со подобар и побезбеден начин за соработка меѓу човекот и КИ. Ние ги зајакнуваме човечките способности, развивајќи модели што го предвидуваат однесувањето на возачот и ги подобруваат неговите способности.“

Со помош на машинско учење што се базира врз податоци, системот Хуман Интерактив Драјвинг (ХИД) што го има развиено ТРИ, го учи човечкото однесување и создава модели, за на возачот на колку е можно поприроден начин да му се помогне со соодветна технологија.

Вештачката интелигенција во исто време поставува темели за автономното возење. Системот ги усовршува возните способности и помага да се избегне незгода. Тоа може да се изведе или преку соодветен зафат од страна на самото возило или со укажување на опасност, како што е голомразица или други опасни услови на патот.

Што значи точно, тоа што го говорат научниците на Тојота, секако дека е најлесно да се разбере преку видео. ТРИ приспособи два автомобили на Тојота, што се движат автономно: Едниот е спортска Супра, другиот е луксузно купе Лексус ЛЦ500

За безбедноста се грижи и т.н. „Споделена автономија“, којашто цели кон потесна соработка меѓу човекот и машината. На посебниот настан што го подготви за новинарите, ТРИ покажа како дествува техниката преку симулатор и преку прототип со управување на сите четири триала и со електромотори. Инструктор за возење што е раководен од КИ, во реално време дава упатства и со разбирлив говор му помага на возачот, на пример, кога возилото ќе почне да лизга на замрзнат пат.

„Дали ќе спасиме повеќе животи, со тоа што автоматизираната технологија ќе ја овозможиме на поширок круг возачи и на повеќе места? Веруваме дека е така, осмислувајќи го од почеток начинот на којшто соработуваат луѓето и технологиите, и понудувајќи нешто што има вредност“, кажува Авинаш Белакандран, директор на одделението ХИД на ТРИ.

Го следите нашиот видео канал на YouTube?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТУВ: Пежо 208 со најмалку дефекти во категорија до три години старост

Сузуки: 80 милиони автомобили за 70 години