за

ТУВ: Пежо 208 со најмалку дефекти во категорија до три години старост

Денес излезе од печат ТУВ Репорт 2024, своевиден буквар за издржливоста на актуелните и претходните генерации модели. Пежо има повод да прослави.

Во категоријата на возила стари меѓу две до три години, контролорите на германскиот ТУВ, од возилата во градската класа, утврдиле најмалку дефекти при технички преглед кај Пежо 208.

Одлична вест за Пежо, но и за целиот концерн Стелантис, со своите 14 автомобилски марки. Германските техничари му признаа на Пежо 208 наслов на „менгелцверг“, односно автомобил со најмалку дефекти. Техниката на Пежо 208 работи во уште цела низа модели на концернот, почнувајќи од Опел Корса и Мока, преку новите Фиат 600 и Џип Авенџер, до големиот Ситроен Ц4.

Директорот на Пежо во Германија, Кристијан Дич, зборува за овој успех: „Победата за Пежо 208 во сегментот на градските автомобили, во извештајот на ТУВ, говори колку за нас е важен квалитетот на нашите возила. Нашиот развоен тим заврши одлична работа и мошне сме горди на резултатите.“

Тоа е своевидна потврда за популарноста на Пежо 208, на моменти и најпродаван автомобил на европскиот пазар. Успехот очигледно не се темели само врз добриот изглед и лавот во маската, туку автомобилот го следи и добар глас во јавноста, произлезен од отсуството на дефекти и проблеми.

Во оцената за издржливоста на Пежо 208, германските експерти наведоа: „Што може да ги напути сопствениците? Малку нешта. Кај бензинецот од 1,2 литар треба да се почитуваат сервисните интервали, поради тоа што истовремено се подмачкува и запчестиот ремен.“ Експертите укажуваат и на потреба да се провери затегнатоста на сферичните зглобови, народски споните.

Во ТУВ Репорт 2024 се земени предвид резултатите од редовниот технички преглед пред регистрација на 10,2 милиони патнички автомобили, во периодот од јули 2022 до јули 2023 година. Извештајот опфаќа вкупно 221 автомобил.

Најдобри 20 модели во ТУВ Репорт 2024

категорија на возила стари меѓу две и три години

Марка

Модел

Дефекти %

·10.000 км.

1 Фолксваген Голф Спортсван 2,0 30
2 Ауди Ку2 2,1 33
3 Ауди ТТ 2,5 29
4 Мерцедес Б-Класа 2,6 32
Мерцедес ГЛЦ 2,6 47
Фолксваген Е-Голф 2,6 30
Фолксваген Т-Рок 2,6 34
8 Мицубиши АСИкс 2,9 32
Тојота РАВ4 2,9 39
10 Ауди Ку5 3,3 53
Сузуки Vitara 3,3 30
12 Пежо 2008 3,4 30
13 Рено Каптур 3,5 28
14 Опел Карл 3,6 22
Сузуки Сикс4 3,6 30
Фолксваген Т-Крос 3,6 26
17 Ауди A6/A7 3,7 63
Мерцедес А-Класа 3,7 38
19 Хјундаи И-икс20 3,8 21
20 БМВ Серија ½ 3,9 38
Мазда 3 3,9 35
Мерцедес Ц Класа 3,9 53
Фолксваген Туарег 3,9 56

Никој нема повеќе дефекти од Тесла Модел 3, покажува извештајот на ТУВ

Го следите нашиот видео канал на YouTube?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Никој нема повеќе дефекти од Тесла Модел 3, покажува извештајот на ТУВ

Новата занимација на Тојота: Вештачка интелигенција и машинско учење