Еден од секои десет произведени автомобили Сузуки е продаден во Европа. Најпродавана моделска серија е Алто, којашто постои на сцената подолго од четири децении.
Корпорацијата Сузуки има голем повод за прославување. За помалку од 70 години, јапонскиот производител број продадени повеќе од 80 милиони патнички автомобили. Тоа е според состојбата на завршетокот на август годинава. Оттогаш уште неколку стотици илјади автомобили Сузуки се имаат придружено во историската продажба.
Повеќе од една третина од продажбата отпаѓа на домашниот пазар, каде што се пласирани 36 проценти од возилата. Со близу третина учествува Индија, со удел од 32,3 проценти. Еден од секои десет продадени автомобили Сузуки, добил европски ретгистерски таблици.
Почетоците на Сузуки Аутомобил се поврзуваат со Сузулајт. Во октомври 1955 година, тоа беше првиот малечок автомобил од јапонска марка, од големосериско производство.
По четири години, Сузуки веќе го извезуваше својот Сузулајт. Врз историскиот модел се заснова името што Сузуки го ужива денес, како специјалист за мали и компактни модели. Во 1965 година, почна и производството на Фронте 800.

Најпродавана моделска серија на Сузуки е Алто, првпат претставена во 1979 година. Алто учествува со близу 20 проценти, односно со една петина во вкупната продажба на јапонскиот производител. Мини-автомобилот што во почетокот се продаваше само на јапонскиот пазар, за овие 44 години и девет генерации во меѓувреме, денес е познат ширум светот. Овој модел постигнува најголем успех во Индија, каде што најмногу придонесе за големата популарност на Сузуки во земјата.
Освен во фабриките во Јапонија, Сузуки пред близу 40 години почна да произведува и во странство. Прво во 1975 година беше отворена фабрика во Пакистан, потоа следеа Индија во 1983 година, и секако, фабриката во Унгарија, во 1992 година, којашто е од клучно значење за впечатливото присуство на Сузуки на европскиот пазар.
Од фабриката во Индија не се покрива само локалниот пазар, туку и се извезува, на пример, во Африка. Производствената мрежа на Сузуки денес опфаќа 15 фабрики во десет држави. Моделите на Сузуки се продаваат во 184 држави и региони.

Тошихиро Сузуки, претседател и извршен директор на Сузуки, кажа по овој повод: „Благодарни сме за големиот број клиенти. Алто е нашиот најпродаван модел и тој одигра важна улога и за најмалите модели на Сузуки, и за историјата на компанијата.“
Претседателот потсети на филозофијата на Сузуки, којашто се заснова врз начелата на „Шо, Шо, Кеи, Тан, Би“, односно помало, поедноставно, полесно, покусо и поубаво и кажа дека компанијата ќе продолжи да ги негува тие темели.