Поранешната холивудска ѕвезда и гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, ги осудува политичарите и менаџерите во САД дека се недоволно агилни околу спречувањето на климатските промени.
„Недостига политичка волја“, порача Терминаторот на конференцијата што се одржа во Лос Анџелес. „Каде е волјата? Каде е визијата?“ Поранешниот гувернер со години се залага за стопанството во САД да биде попријателско кон животната средина.
Анолд Шварценегер ги осудува политичарите и компаниите во САД дека се премногу попустливи во однос на климатските промени и енергетската трансформација.
На конференцијата што во средата ја одржа консултантската компанија Бенчмарк Минералс, којашто е специјализирана за суровини и набавка на материјали за батерии, тој се пожали дека пребавно се одвива изградбата на фабрики за батерии. Поранешниот републикански гувернер на Калифорнија доби од консултантската компанија орден за животно достигнување.
„Уверен сум дека САД имаат и знаеење и пари за да се изградат доволен број фабрики за производство на батерии и за сé што ни е потребно“, порача Шварценегер на конференцијата. „Но, каде е волјата? Каде е визијата? Ако се нема визија, како ќе успее тоа?“
„Сите разбираат што значи загадување на животната средина“
Шварценегер говореше и против „бедните“ постапки за добивање одобренија во САД, што траат предолго. „Одобрение за што? Правиме нешто обновливо, што го чисти светот. Уште колку одобренија ни се потребни за тоа?“, прашува родениот Австриец.
Тој ги советува политичарите да зборуваат помалку за апстрактната климатска промена, а повеќе за конкретното загадување на животната средина.
I heard @Target was making Be Useful shine so I stopped in to do a secret signing. pic.twitter.com/mheeBzbWB3
— Arnold (@Schwarzenegger) November 11, 2023
„Утврдивме дека секој пат кога ќе зборуваме за климатските проимени, луѓето не реагираат на тоа“, кажа Шварценегер. „Тие не знаат што значи тоа. Кажав дека повторно треба да го користиме поимот за ‘загадување на животната средина’ затоа што тоа луѓето го разбираат.“
„Мораме да го завршиме ‘загадувањето’. Мораме да им кажеме ‘аста ла виста бејби’ на стакленичките гасови,“ кажа поранешниот актер, повикувајќи се на една од своите најпознати филмски сцени.
Шварценегер за време на својата служба како гувернер на Калифнија ги потпиша првиот акт за решенија против глобалното затопливање на САД, како и „иницијативата за милион соларни покриви“.
Тој исто така донесе одредба за воведување на стандарди за горива со ниска емисија на карбон во Калифорнија, со којашто беше означен почетокот на ограничувањето на емисијата на ЦО2 од автомобилите во САД.