за

Хавал во последното тромесечје продаде над 200.000 возила

Последната статистика што ја објави концернот Грејт Вол, познат по својата марка Хавал, покажува раст во продажбата од 30 проценти во септември.

Повеќе од 120.000 возила продадени во септември, и голема извесност дека вкучната продукција во 2023 далеку ќе надмине еден милион возила. Тоа се клучните бројки во статистиката за првите три квартали што ја објави кинескиот концерн Грејт Вол, производител на возила од марките Хавал, Веј, Ора, Поер.

Грејт Вол Моторс во септември ја зголемил својата продажба за 29,89 проценти, со вкупно 121.632 возила од сите марки во концернот. Вкупно во првите девет месеци се продадени 864.045 возила.

Во сите три квартали од почетокот на годината, Грејт Вол постигнувал раст во споредба со лани. Во првото тромесечје, од јануари до март, кинескиот концерн во приватна сопственост – што е реткост во кинеската автомобилска индустрија – продал 219.968 возила.

Во следното тромесечје, до завршетокот на јули, биле продадени 299.258 возила, односно бил постигнат раст од 36,05 проценти. Третиот квартал донесе 344.819 возила и уште едно зголемување, овојпат од 15,22 проценти во споредба со истата временска рамка лани.

Возилата со хибриден, приклучен хибриден погон и батериски електричен погон, улествувале во продажбата по квартали со 12,64 проценти, 21,86 проценти и 22,37 проценти соодветно. Тоа јасно покажува растечно движење на продажбата на т.н. новоенергетски возила, како што Кина заеднички ги води возилата со електрифициран погон.

Менаџерите на Грејт Вол зборуват за успешно изведен „троскок“, што се темели врз интелигентно развивање на понудата на „новоенергетски“ модели, како и растечка продажба на извозните пазари. Мошне мудро, управата вложува во продажба на модели од повисоките и поскапи сегменти, каде што и заработката е поголема, па оттаму може да се финансира развојот на новите погонски техноогии, односно може да се финансира електрификацијата.

Од јануари до септември, ГВМ од своите кинески фабрики извезол 211.696 возила, што за конуренцијата е запрепастувачки раст од 89,45 проценти

Продажбата на моделите со цена над 150.000 јуани, односно над 19.000 евра, достигнала 179.665 примероци, што е раст од 98,49 проценти.

По квартали, извозот растел соодветно за 23,63%, 24,04% и 25,45% проценти.

Главна марка е Хавал и воедно ја има и главната заслуга за тоа што се случува со концернот. Хавал во септември продала 73.766 возила или за 37% повеќе во споредба со лани. За третиот квартал, резултатот е 203.256 продадени возила од СУВ-специјалистот во концернот ГВМ.

Нов модел е Хавал Дарго, што и македонскиот увозник веќе го објави за продажба. Кинескиот производител го опишува својот нов модел како „3/4 теренец“, посочувајќи на високите теренски способности на Дарго.

Уште една новина е Х5, сосем јасно позициониран под извозната ѕвезда Х6 и над џоли-џокерот на Хавал, компактниот Џолион, со цена од 30.000 евра на нашиот пазар. ГВМ го цени својот Х5 како СУВ што става нагласок на просторноста и на практиноста. Во октомври беше лансиран и Хавал Менглонг, којшто користи само електрифицирани погонски единици и осмислен е за светскиот пазар.

Останатите марки уште не се увезуваат на македонскиот пазар: Веј е премиум марка со нагласок на електрификацијата, Ора е посветена на целосно електрилен погон и на компактни возила за поширокиот пазар, Танк се СУВ од „тешка категорија“, што важи и за луксузот, додека ГВМ Пикап потсеќа на категоријата возила од којашто почна светската слава на концернот.

Хавал Џолион во нашиот онлајн-каталог со технички податоци, цени, опрема, за сите нови модели на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Haval Jolion 1.5T 7DTC Supreme 4×2

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Терминатор Шварценегер ги осудува политичарите дека се млитави против климатските промени

Пред 30 години е испечатен првиот Авто Плус, напиша историја, македонскиот синдром го погоди