Toyota останува најголем производител на автомобили во светот

Toyota продаде 10,5 милиони возила во 2022 година, бранејќи го насловот на најголем производител на моторни возила во светот, трета година во низа.

Глобалната продажба на групацијата, во којашто влегуваат уште марката товарни возила Hino и специјалистот за мали автомобили Daihatsu, се намалила за 0,1 процент, односно за само еден промил во споредба со 2021 година. Рекордната продажба на извозните пазари од 8,6 милиони возила, надомести за падот во продажбата на домашниот пазар. Во Јапонија лани биле продадени 1,9 милион возила, или за 9,6 проценти помалку во споредба со преклани.

На второто место е групацијата Volkswagen, од каде што во почетокот на месецов пријавија најслаба продажба во изминатата деценија, со 8,3 милиони возила. Причините за тоа се прекините во производството во фабриките во Кина, поради пандемијата, како и прекинатите синџири за снабдување со компоненти, поради војната во Украина.

Toyota исто така се соочуваше со проблеми во снабдувањето со микрочипови, но силната побарувачка во Азија и зголемувањето на производствените капацитети и оптимизацијата во Азија и Северна Америка, придонесоа глобалната продукција да се зголеми за 5 проценти во 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TOYOTA (@toyota)

Јапонската корпорација во ноември ги објави плановите за тековната финансиска година, којашто завршува на крајот на март, и во којашто се предвидува продукција од 9,2 милиони возила, место 9,7 милиони претходно.

Претходна објаваЛинда Џексон, Peugeot: „Животната средина ни е поважна од пазарниот удел“
Следна објаваRenault и Nissan станаа рамноправни партнери во обновениот сојуз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here