за

Renault и Nissan станаа рамноправни партнери во обновениот сојуз

Renault и Nissan ги изедначија уделите што меѓусебно ги разменуваат во алијансата и со тоа го надминаа главното несогласување.

Француската компанија Renault во 1999 година го спаси Nissan од стечај. Сојузот меѓу двата производители доживуваше подеми и падови низ годините. Соперништвото и взаемниот сомнеж дополнително го зголемуваа незадоволството во Nissan.

Денешната вест за алијансата, што долго време е една од главните теми на сцената, информира дека Renault се сложил да го смали својот удел од 43 проценти во акциите на Nissan. Французите во иднина ќе учествуваат со 15 проценти во јапонската компанија, исто колку што и Nissan имаше досега во Renault. Со тоа ќе се воспостави поголема рамнотежа во алијансата меѓу двете компании.

Преглед на главните случувања во историјата на алијансата:

1996: Карлос Гон ја презема функцијата на извршен заменик претседател во Renault, откако пред тоа гради успешна кариера во Michelin. Една година подоцна, Гон го претставува планот за скусување на трошоците. Профитабилноста на Renault до завршетокот на 1998 година се зголемува трикратно.

1999: Renault се јавува во улога на спасител на длабоко задолжениот Nissan. Гон има план да го обнови Nissan и до 2000 година да го врати во зоната на профит. По скусување на 14.000 работни места, што претставува 14 проценти од работната сила, по затворање неолку фабрики и менување на корпоративната структура на Nissan, јапонскиот производител ја постигнува целта една година пред плканот. Гон станува менаџерска ѕвезда во Јапонија.

2000: Гон станува извршен директор на Nissan. До завршетокот на 2000 година, Nissan учествува со близу половина во вкупниот годишен профит на Renault.

2002: Nissan го објавува својот тригодишен план именуван Nissan 180. Целта е годишната продажба да се зголеми на еден милион возила до 2005.

2005: Nissan не ја исполнува целта и донесува нов тригодишен план. Гон станува извршен директор, и на Renault, и на Nissan.

2008: Nissan повторно не ги исполнува главните финансиски цели. Јапонскиот производител пак донесува петгодишен план, но го откажува, поради тоа што запаѓа во финансиска криза.

2013: Renault и Nissan донесуваат заеднички план за намалување на трошоците за развој и за производство на возила. Следната година, двете компании здружуваат уште неколку дополнителни функции и поставуваат цел да заштедуваат по 10 милијарди евра на годишно ниво, до 2022 година.

2016: Нов член во алијансата е Mitsubishi, откако Nissan го презема контролниот удел во акциите на Mitsubishi. Гон станува претседател на Mitsubishi, што значи дека тој е прв човек во сите три компании.

2017: Renault и Nissan постигнуваат рекордна оперативна добивка, иако Nissan не успева да исполни неколку од целите. Алијансата со трите партнери продава над 10 милиони возила годишно, што прави таа да биде еден од најголемите производители на автомобили во светот.

Приведени помошниците за бегството на екс-шефот на Nissan

2018: Гон е приведен во Јапонија, под обвинение дека подолго од една деценија пријавувал пониска плата од реалната. Тој е обвинет и за други криминални дејствија, вклучувајќи користење пари од Nissan за сопствени цели. Гон ги порекнува обвиненијата и сменет е од претседателското место во алијансата.

2019: Renault и Nissan се соочуваат со последиците од приведувањето на Гон. Двата производители назначуваат нови одбори, додека профитот продолжува да се смалува. Алијансата поставува нов претседател, ветеранот од Michelin, Жан Доминик Сенард. Соодветно, Макото Учида станува нов извршен директор на Nissan. Тензиите достигнуваат врв откако Renault се обиде да го зголеми својот капитал во Nissan. Јапонците силно се противат на тоа. На 29-ти декември, Гон бега од домашен притвор во Јапонија, со чартер лет, сокриен во кутија за контрабас. Тој патува во Либан, неговата родна земја, којашто не смее да ја напушта, но затоа има заштита од екстрадиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renault Group (@renaultgroup)

2020: Како што кризата од пандемијата предизвикува загуба во двете компании, Renault обезбедува државен заем од 5 милијарди евра, за да ја поткрепи својата ликвидност. Лука де Мео во јули станува извршен директор на Renault. Претседателот на алијансата Сенард исклучува можност за спојување на двата производители на автомобили и цени дека тоа не е неопходно за алијансата да биде ефикасна.

2022: Де Мео објавува планови да го издвои бизнисот со електрични возила, како посебен огранок, а возилата со мотори со внатрешно согорување да биде засебен огранок. Според објавите на медиумите, Nissan бара Renault да го смали уделот на 15 проценти, а за возврат да вложи во бизнисот со електрични возила на Renault. Двете компании се разидуваат повторно околу заедничкото користење на технологиите. Renault се сложува за преговори околу таа тема, за денес на 30-ти јануари да биде објавено дека спогодбата е постигната.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota останува најголем производител на автомобили во светот

Лондон заштита животна средина

Лондон плаќа по 2.000 фунти за старите коли да се тргнат од улиците