за

Лондон плаќа по 2.000 фунти за старите коли да се тргнат од улиците

Градоначалникот на Лондон издвои 110 милиони фунти, за да помогне старите и нечисти автомобили да се заменат со понови, со цел воздухот во градот да остане чист.

Лондон заштита животна средина

Жителите на Лондон коишто поседуваат стар автомобил што испушта голема количина нечисти материи, можат да сметаат Градот да им го откупи возилото за 2.000 фунти. Буџетот за таа намена изнесува вкупно 110 милиони. Повеќе се цели кон комбињата со лош издув, што секојдневно сообраќаат по лондонските улици.

Лондон најави дека кон крајот на август ќе ја прошири зоната во градот, во којашто е дозволен пристап само за возила со исклучително ниска емисија на штетни материи. Тоа се познатите ULEZ-зони (Ultra Low Emission Zone) што постојат во сé повеќе градови ширум Европа, коишто се освестени дека главната загаденост на воздухот доаѓа од сообраќајот со стари возила.

Пред да бидат додадени нови подрачја во заштитената зона, Градоначалникот на Лондон воведува програма, со којашто парично им се помага на сопствениците на стари и нечисти возила, да ги заменат со понови возила, коишто имаат ниска емисија на штетни материи. Лондон за таа цел издвои 110 милиони фунти.

Во Лондон не се двоумат околу делотворноста од воведувањето зони во коишто се дозволуваат само возила со исклучлително ниска емисија на штетни материи: „Проширувањето на ULEZ и шемата за откуп на старите возила ќе помогнат да се исчисти воздухот во Лондон, преку исплата на средства на лицата на коишто ќе им биде прифатено барањето за откуп на старото возило, што не ги исполнува стандардите за емисија и преку нивно претрлување на почист и позелен начин на превоз“, пишува во соопштението на Градоначалникот на Лондон.

Во претходно спроведената програма, од улиците на Лондон беа отстранети повеќе од 15.000 возила со висока емисија на штетни материи. Новата програма е наменета за лицата со пониски примања, како и за лица со телесна одземеност, за мали компании со најмногу 10 вработени, занаетчии и хуманитарни фондови.

Во категоријата на патнички автомобили и мотоцикли се предвидуваат до 2.000 фунти за откуп на стар автомобил, односно до 1.000 фунти за стар мотоцикл, со издув што не ги исполнува барањата за влез во ULEZ-зоните.

На возачи со телесна одземеност, возилото опремено со соодветна техника за управување ќе им биде проценето до 5.000 фунти.

Со програмата се предвидува и можност за користење повластена патна карта за јавниот превоз во Лондон, што по вредноста дури и ја надминува висината на премијата за откуп на старото возило. Со тоа се поттикнува користење на јавниот превоз.

Повеќе се цели за старите и нечисти комбиња, минибуси и најразлични форми на лесни товарни возила да се тргнат од улиците на градот, односно да се заменат со понови и почисти возила. Грантот за фирмите (до 10 вработени) се движи од 5.000 до 9.500 фунти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault и Nissan станаа рамноправни партнери во обновениот сојуз

Peugeot лани постигнал рекорден удел на 38 пазари ширум светот