за

Peugeot лани постигнал рекорден удел на 38 пазари ширум светот

Вкупно 1,05 милион продадени возила на светскиот пазар и бројни одделни успеси на моделите на Peugeot. Како мина 2022 за марката со лавот?

Peugeot се враќа на светскиот пазар, тоа е големиот успех на тимот на француската марка. Надвор од ЕУ30 се испорачани 27,4 проценти од вкупно продадените возила Peugeot во 2022 година, што е за 3,7 процентни бодови подобро од претходната година. Главните титули сепак се во Европа.

Peugeot објави дека во минатата година испорачал вкупно 1.056.182 возила на светскиот пазар. Едно од секои четири произведени возила под марката со лавот им биле испорачани на клиенти надвор од ЕУ30. Друг податок сведочи дека пазарот ѝ верува на француската марка, кога условите на пазарот се сменети драстично. На 38 пазари ширум светот, Peugeot лани имал повисок удел од кога било претходно во истороијата на марката.

Меѓу најважните успеси секако дека се вбројува насловот на најпродаван модел на европскиот пазар лани за Peugeot 208. На достојниот наследник на лозата 204-205-206-207, воедно му припаѓа и титулата на најпродаван комерцијален автомобил во ЕУ30.

Електрификацијата се вклопи одлично во имиџот на марката. Peugeot e-208 е најпродаван електричен модел во градската класа во Европа. На тоа се надоврзува и податокот дека секое петто продадено возило од марката има батериски електричен или приклучен хибриден погон.

Шефицата Линда Џексон, за успехот на марката ќе каже: „Во исклучително сложените услови во светот, со гордост објавувам дека марката Peugeot го зголеми својот удел надвор од Европа за близу 4% и се движи во насока на пресвртницата во електромобилноста, со тоа што секое петто продадено возило во Европа е со електрифициран погон. Peugeot e-208 е лидер во Европа меѓу електричните возила од Б-сегментот.“

Продажба на Peugeot по региони во 2022 година

Азиски Пацифик и Кина

Продадени возила: 70.148
Пазарен удел: 0,6%
Најголем успех: Виетнам, продажбата зголемена за 70%

Северна Америка

Продадени возила: 8.210
Пазарен удел: 0,04%
Најголем успех: Мексико, пазарен удел 0,7%

Среден Исток и Африка

Продадени возила: 97.293
Пазарен удел: 2,8%
Најголем успех: На 25 пазари е зголемен пазарниот удел; На прекуморските француски територии, Peugeot е Бр.1 марка со удел од 17,2%

Латинска Америка

Продадени возила: 108.065
Пазарен удел: 3%
Најголем успех: Бразил, пазарен удел 2,1%; Аргентина, пазарен удел 9,4%, Peugeot 208 е втор најпродаван модел; Чиле, пазарен удел 4,9%, Peugeot 308 е лидер во Ц-сегментот

Европа

Продадени возила: 772.466
Пазарен удел: 5,5%
Европа 29: e-208 и e-2008 се најпродавани електрични модели во Б-сегментот;
Европа 29: 208 e најпродаван модел во Едвропа
Данска: Најпродаван модел Peugeot 208
Шпанија: Peugeot 308 PHEV е најпродаван модел со приклучен хибриден погон 3-та година во низа
Франција: Peugeot е најпродавана марка, 208 е најпродаван модел
Португалија: Peugeot е најпродавана марка патнички и комерцијални возила, 2-ра година во низа
Словенија: Peugeot 308 е Автомобил на 2023 година

Најголеми успеси по модели

Peugeot 208

Најпродаван модел во Европа, e-208 најпродаван електричен модел во Б-сегментот

Peugeot 2008

Трет најпродаван модел во Б-СУВ сегментот; е-2008 е трет најпродаван електричен модел во Б-СУВ сегментот

Peugeot 308

Трет најпродаван модел во Ц-сегментот, заедно со комби изведбата

Peugeot 3008

Четврти најпродаван модел со приклучен хибриден погон во Ц-СУВ сегментот

Peugeot Partner/Rifter

Втор најпродаван ван во Ц-сегментот

Топ 10 најголеми пазари

  1. Франција 305.065
  2. Италија 77.800
  3. Обединето Кралство 73.725
  4. Шпанија 69.488
  5. Германија 50.884
  6. Бразил 41.773
  7. Кина 39.674
  8. Бенелукс 38.802
  9. Аргентина 35.699
  10. Турција 32.667

Топ 10 најпродавани модели во светот

Peugeot 208: Продадени возила 299.131
Peugeot 2008: Продадени возила 185.425
Peugeot 3008: Продадени возила 145.627
Peugeot 308: Продадени возила 99.373
Peugeot Partner/Rifter: Продадени возила 95.290

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лондон заштита животна средина

Лондон плаќа по 2.000 фунти за старите коли да се тргнат од улиците

Alfa Romeo воведува втора смена за Tonale, Америка бара возила