за

Toyota Land Cruiser 250 имаше европска премиера на буш-такси собирот во Тиринген

На најголемиот собир за Toyota Land Cruiser и сите модели со 4х4 погон пристигнаа 1.200 возила, изложуваа 40 фирми, гости пристигнаа од 17 држави. Посебен момент беше премиерата на генерацијата „250“ на Land Cruiser.

На најголемиот собир за Toyota Land Cruiser во светот, што годинава се одржа во Тиринген, Германија, пристигнаа 1.200 возила. Секако дека толку масовен настан треба да се испочитува: На пример, со прво појавување на новата генерација на Toyota Land Cruiser пред европската публика.

Собирот во гратчето Ордуф, во германската покрина Тиринген, со одвај 6.000 жители, се одржуваше под мотото „Camp Fire is Home“, од 8-ми до 10-ти септември. Тоа беше 20-то издание на собирот на т.н. буш-такси заедница, односно на сопственици на теренски возила Toyota.

Меѓу стотиците примероци од Land Cruiser од сите годишта и моделски генерации, се најдоа и Hilux, 4Runner, FJ Cruiser, сите модели на Toyota што располагаат со погон на сите тркала.

Пред 2.000 посетители доживеа премиера новиот Land Cruiser, со генерациска ознака 250, опкружен од директните претходници 150, 120, 90 и 70. Примерокот од моделот што уште не е пуштен во продажба, доаѓа од специјалната воведна серија „First Edition“ што се распознава веднаш по тркалезните светла, по пример на историските модели. Оваа воведна серија ќе биде достапна во почетокот на продажбата на Land Cruiser 250 во следната година и ќе биде ограничена на 3.000 примероци.

Германските домаќини веќе рутински го организираат важниот настан за сцената на иконскиот теренец на Toyota. Програмата вклучуваше сé, од филмови и излагања, преку серии со прашања и одговори, до прошетки, работилници и презентации.

Како и секогаш, главниот момент на настанот е т.н. „вершренкунгсрампе“ (типично милозвучна германска кованица). Целта е да се покаже чија Toyota најлесно ги минува тешките пречки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Посетители од 17 држави беа дојдени фамилијарно, со пријатели, се склучуваа нови пријателства и познанства, се разменуваа искуства од авантурите, се договараа нови тури.

Близу четири дузини фирми-изложувачи на настанот ги претставуваа своите китови и комплети за преработка и доработка на теренските модели на Toyota, нудеа прибор и организација на патувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Организаторот Александер Волфарт, уредник на интернет-порталот Buschtaxi.net и автор на книгата „Легенда Land Cruiser“, заклучува позитивно: „Посетителите среќни до уши, одличен тим и премиера на нов модел – BTT 2023 повторно беше легендарна!”

Германците, како мајстори за организирање, веќе имаат датум за следната средба на буш-такси. Таа ќе се одржи во првата половина од септември 2024 година, домаќон повторно е Ордуф.

На следниот линк направивме преглед на сите модели на Toyota со погон на сита тркала во понудата на Toyota, во нашиот онлајн-каталог за сите нови модели на автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Inventory

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што го движи извозот на Кина и зошто нивните електрични автомобили се поевтини?

Webasto производство батерии

ЕУ може да стане зависна од батериите од Кина исто како со гасот од Русија